fbpx

Се' повеќе каснати од кучиња, се' повеќе тужби до градот Скопје

Околу 100-тина граѓани ги тужат „Комунална хигиена“ и градот Скопје и бараат оштета од околу 1.500 евра оти ги каснало куче. Само до октомври годинава скоро 300 граѓани побарале да се вакцинираат на Инфективната клиника поради истата причина.

Ракип Дочи, директорот на „Комунална хигиена“ вели дека од година на година заловуваат се повеќе кучиња, но од друга страна пак, се намалува бројот на вдомени животни. Според него, програмата „Залови, стерилизирај, пушти“ не ги дава очекуваните резултати и на улиците сега има повеќе кучиња скитници, чиј број треба да се намали. И тој, како и претставниците на граѓанскиот сектор, решението го гледаат во нови стационари.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со граѓанската иницијатива за заштита на правата на животните Кане Корзо

Новинар: Славица Филиповска  

Watch the video

Се' повеќе каснати од кучиња, се' повеќе тужби до градот Скопје

kopce1