fbpx

Младите не ги интересира политиката

Младите не се заинтересирани за политиката, ниту за учество во гласачкиот процес. Ова го покажува истражувањето за состојбата на демократијата ширум светот, спроведено од ценети универзитети, истражувачки центри и меѓународни организации. Студија на Универзитетот Кембриџ, пак, укажува дека родените во периодот од 1981–1996 години, популарно наречени миленијалци се со убедливо најмалку верба во демократијата и најскептичен став. За тоа кои се причините за ваквата состојба и како е тоа кај нас, разговараме со Данило Крстовски, претседател на Факултетското студентско собрание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Савче Ѓошева, студентски правобранител на УКИМ.

Младите во државата денес никогаш немале искуство со авторитарен режим, освен ако не им биле раскажани приказни од нивните родители, кои се секако по малку и романтизирани. Дали ставот кон демократијата и политиката денес се должи на непознавањето на алтернативата?

Крстоски: За задоцнетата правда и разрушените принципи

Младите се и категорија која има многу помала мотивација да гласа споредено со нивните средовечни и повозрасни сограѓани. Зошто?

Крстоски: Кој може да направи промена

Денес, се чини, можноста за вклучување и политички притисок преку дигитални алатки на една цела генерација која е дигитално високо писмена и релативно полесниот пристап до власта, може лесно да ја замени оваа директна ангажираност. Дали новото дигитално доба ги пасивизираше или само дополнително ги активираше младите да земат директно учество во политиката?

Се чини дека младите имаат исклучително циничен став кон демократијата и политиката, воопшто?

Ѓошева: Цинизмот како резултат на долгата транзиција

Единствените демократски режими каде младите покажуваат одреден раст на задоволството од демократијата се оние каде се избрани популистички лидери. И кај нас, популистичките партии имаат своја база кај младите гласачи. На што се должи ова? На барање брзи решенија, на замор од традиционалните партии, на желбата за брза правда, на младешки занес или нешто сосема друго?

Ѓошева: Лидери како во филмовите?

Во едно истражување на ИДСЦС, младите се категорија која најмасовно верува во теории на заговор, во сите категории без исклучок. Каде е изворот на овој неверојатен општествен тренд?

Ѓошева: Clickbait и површноста на информациите

Целиот поткаст со наслов „Младите можат... можеби“ може да го слушнете тука.