#ДОМА е подсајт на онлајн платформата #СамоПрашај, кој што се фокусира на заштитата на животната средина. Целта на #Дома е преку своите содржини да информира и едуцира за заштитата на животната средина и биодиверзитетот, да поттикне дебата и да ги мотивира граѓаните активно да се вклучат и да вршат притисок врз институциите за решавање на проблемите.

Заштитата на животната средина е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Македонија. Недостигот од проверени, точни и прецизни информации, квалитетни анализи, дебата, како и одговорност од надлежните институции, отвори простор за креирање на #ДОМА. Преку оваа онлајн-платформа ќе истражуваме, анализираме, информираме и едуцираме за повеќе различни теми поврзани со животната средина, биодиверзитетот, одржливите практики и еколошката свест. #ДОМА, дополнително ќе бара и одговори од надлежните институции, со што тие ќе имаат можност да ја демонстрираат својата отчетност и транспарентност и ќе придонесат кон поинформирани и активно ангажирани граѓани.