Рекреативното езеро Треска близу скопското село Сарај пропаѓа со децении. Монтажните градби се распаднати, бетонските плочи испукани, а наоколу има расфрлан смет и изгорени површини од логорски оган. Во еден од разрушените објекти се чува слама за добиток, а низ комплексот пасат крави.

  • DSC 0139
  • DSC 0073
  • DSC 0068
  • DSC 0148
  • DSC 0105
  • DSC 0081
  • DSC 0098
  • DSC 0094
  • DSC 0132
  • DSC 0135
  • DSC 0139
  • DSC 0073
  • DSC 0068
  • DSC 0148
  • DSC 0105
  • DSC 0081
  • DSC 0098
  • DSC 0094
  • DSC 0132
  • DSC 0135

Езерото е забрането за капење веќе 20 години поради лошиот бактериолошки квалитет на водата и зголеменото присуство на алги. Со комплексот управува Општината Сарај. Паркинг службата наплаќа 50 денари за влез, а едно кафуле нуди ладни пијалоци. Меѓутоа, нема информации колку луѓе го користат автокампот.

Токму заради малиот број посетители, единствената зачувана убавина е дендропаркот составен од голем број дрвја и грмушки. Ова е едно од ретките места во Македонија каде има ваков хортикултурен диверзитет.

Езерото Треска се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 метри и има капацитет од 10.000 капачи. Спортско-рекреативниот комплекс бил изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје.

Неколку децении Треска функционирало како главно излетничко место за скопјани, особено во летните месеци. Околу брегот на езерото се наоѓале бунгалови, кафетерии, ресторани, базени, гардероби и тоалети, а работел и мал камп за приколки и трејлери.

На скопјани им се потребни повеќе места како Треска, за престој на отворено и рекреација. Треска чекаше доволно за обнова, време е да се рехабилитира и да се врати на граѓаните.