Со популаризацијата на престојот во природата и рекреација на отворено, рибниците во Македонија станаа привлечни места за домашните и странските посетители. Мали рибници, уредени со ресторан и објекти за рекреација се` почесто може да се сретнат низ македонските водотеци. Дел од нив преставуваат исклучиво сточарско-индустриски објекти наменети за одгледување на моно или поликултури на риби, но повеќето се користат за привлекување туристи.

Ribnici moznost za biznis i turizam na koj treba da se vnimava 1Рекреативн рибник во близина на Демир Капија

Рибниците како водни објекти се регулирани со Законот за води. Во членот 13 се дозволува акумулирање, зафаќање, црпење, користење и пренасочување на водата. Одгледувањето на риба, пак, се регулира со Законот за рибарство и аквакултура, според кој при одгледување на риби или други водни култури, треба да се води сметка за загадувањето на водата со различни органски и неоргански материи.

Ribnici moznost za biznis i turizam na koj treba da se vnimava 2Рибник во близина на Богданци

Рекреативно-излетничките рибници се градат со зафаќање на воден тек на помала река. При изградбата треба да се внимава да се задржат сите законски еколошки мерки за градба. Според Законот за води, откако сопственикот ќе добие дозвола за градба, тој добива концесија во траење од 25 години за управување со рибникот. Притоа, сопственикот е должен да внимава на квалитетот на водата, да се грижи за природниот биодиверзитет, да не внесува инвазивни видови на животни и растенија и да не го загрозува природниот тек на реката, по рибникот. Законот за води забранува секакво испуштање на отпадни води, материи и супстанции во водите освен под одредени услови.

Ribnici moznost za biznis i turizam na koj treba da se vnimava 3Рибниците нудат одлични услови за релаксација

Моментално нема достапно јавни информации за бројот и видот на рибници во Македонија. Во земјоделскиот попис од 2007 година на Заводот за статистика, за рибниците има само општи информации дека постојат.

Рибниците кои имаат и рекреативен карактер, нудат одлична можност за престој во природа не само за рекреативните риболовци, туку и за сите други посетители. Престојот покрај вода во природа нуди можности за релаксација и рекреација, но преобликувањето на природните водотеци и екосистеми е и опасно. Со мало невнимание може да се загрози квалитетот на водата и да се влијае на целиот течен слив и на водениот екосистем. Често во рибниците се испуштаат инвазивни видови риби кои може да влијаат на фауната. Освен тоа, во рибниците се чуваат и водни птици кои го зголемуваат количеството на органски материи во водата, а со тоа влијаат на другите водни жители.

Ribnici moznost za biznis i turizam na koj treba da se vnimava 4Често во рибниците се чуваат различен вид на водни птици

Водата припаѓа на сите, а со тоа и сите добивки од неа се заеднички. Умереното користење на водните ресурси е клучно кога бројот на здрави и еколошки водотеци во Европа е се` помал.