Пештерата Бела Вода се наоѓа од десната страна на реката Вардар на само неколку стотици метри низ водно од Демир Капија, односно околу 300 метри по стариот тунел и пат за Гевгелија, веднаш под карпите кај патот. Влезот во пештерата многу тешко се воочува бидејќи е речиси хоризонтален. Всушност самиот влез таков како што е денес, не е природен туку е ископан два метра вертикално во земјишен насип на кој е изграден стариот пат и железничката пруга.

bela voda speleolosko bogatstvo pod postojata opasnost 1Патот кон пештерата

Вкупната должина на двата пештерски канали на Бела Вода изнесува 955 метри и до пред десетина години се сметаше за најдолга пештера во Македонија. Моментално за најдолга пештера во државата се смета Горно Слатинската пештера.

Бела Вода е пештера која се наоѓа во варовнички систем составен од 10 пештери, распоредени во Демиркаписката клисура. Таа е значајна поради своите биолошки и спелеолошки вредности. Во сифонските делови на пештерата се јавуваат повремени езера. Создадена е со карстна ерозија во варовнички карпи со јурска старост, односно карпи стари околу 160 милиони години.

Демиркаписката клисура е со закон заштитено подрачје поради своите исклучително природни вредности. Во Студијата за оценка на влијание на природата се потенцира дека пештерата е чувствително живеалиште, поради нејзините стабилни услови и посебна фауна и дека лилјаците и другите жители под негативно влијание може засекогаш да заминат.

bela voda speleolosko bogatstvo pod postojata opasnost 2Вибрациите од тешката машинерија се уште ја загрозуваат пештерата

Сепак, пештерата Бела Вода беше неколку години под силен градежен притисок поради изградбата на автопатот Демир Капија- Смоквица. Иако автопатот ја подобрува патната мрежа, тој драстично го наруши изгледот на клисурата, значително се намали шумската покривка и ги става под опасност скапоцените пештери.

bela voda speleolosko bogatstvo pod postojata opasnost 3Влезот на пештерата

За време на изградбата, камионите минуваа во непосредна близина со што влијаеа врз малиот влез на пештерата. Постојани вибрации од градежната машинерија, минирањето и градежниот притисок ја стави пештерата под голема опасност. Спелеолози и биолози од земјата и странство апелираа за промена на трасата на автопатот, но неуспешно.

bela voda speleolosko bogatstvo pod postojata opasnost 4Иако делумно заштитен влезот се уште е под опасност од затрупување

Пештерите се значајно природно и историско богатство на секоја држава. Тие претставуваат природна библиотека и во себе чуваат голем број информации за природното и културното минато. Насекаде во светот геолошкото значење е од се` поголемо значење, а заради тоа Бела Вода е ставена на листата за прогласување на заштитено подрачје.

bela voda speleolosko bogatstvo pod postojata opasnost 5