Таксистката Тина и патникот Томо имаат четири случајни средби во различни делови од Скопје. Томо воопшто не смета дека треба да делува за проблемите кои ги посочува Тина „напнатина“, како што ја именува тој. Сепак Тина е упорна во притисокот кон него да стане активен член на општеството – да реагира, наместо да игнорира.

Македонија со својата мрежа на заштитени подрачја и природни реткоси има голема екотуристичка вредност.

Намалувањето и исчезнувањето на некои видови на мршојадци во Македонија се должи на намаленото одгледување на стока и добиток.

ALB

Бранко Прља

Државата треба активно да се вклучи во рециклирањето, не само преку системи на контрола и законски регулативи, туку и преку мотивација, на пример даночни олеснувања, наместо тоа да се остави на совеста на приватните компании.

м-р Соња Ристеска

За да ги искористи придобивките од ниските трошоци за обновливи извори и инвестициите во енергетска ефикасност, ЈИЕ, а особено Западниот Балкан, е неопходно да ги надмине бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат тој напредок.

„Не дозволувајте да растеме во пластика!“ е пораката што ја испратија учениците од второ одделение во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Аеродром. Тие се лидери во собирање пластични шишиња во училиштето. Во изминатите две години училиштето кое е меѓу трите зелени училишта собрало околу 1 тон или 22 илјади големи пластични големи шишиња, а за возврат добило телевизор и парични средства кои се користат за набавка на наставни материјали.

Поставување на сончеви колектори, искористување на енергијата од ветер како и промовирање енергетска ефикасност се чекорите со кои Македонија би можела да го намали загадувањето, а со тоа и да ги подобри енергетските капацитети.

Во тек е постапка за распишување тендер за изградба на прв регионален центар за управување со отпад во Македонија. Преку ИПА фондовите се обезбедени 40 милиони евра, а изборот ќе го прави комисија на Европската Унија.

м-р Соња Ристеска

Производството на струја од обновливите извори на енергија е далеку зад термоцентралите и големите хидроцентрали, како и од увозот на струја за кој Македонија секоја година издвојува милиони евра. Обновливите извори, пак, од година во година растат - сончевата енергија ја има во изобилство, паѓа цената на производството и има огромен интерес за нивно искористување. Што прави Владата?

Во Македонија има три основни столба кои ќе помогнат да се намали загадувањето - намалување на потрошувачката на електрична енергија, користење обновливи извори на енергија и гасификација.

Дел од приоритетните мерки кои треба да се применат се субвенции за греење кое не загадува, домаќинствата да вградуваат сончеви колектори за производство на струја, проширување на топлификацискиот систем, промена на сообраќајниот режим во Скопје, автобуси на електричен погон и забрана за градежни активности кога загадувањето надминува одредена граница.

Со мерките за енергетска ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, до 2035 година може да се намали загадување кое е еднакво на денешното загадување од РЕК Битола.

Во Македонија има три основни столба кои ќе помогнат да се намали загадувањето - намалување на потрошувачката на електрична енергија, користење обновливи извори на енергија и гасификација. Со мерките за енергетска ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, до 2035 година може да се намали загадување кое е еднакво на денешното загадување од РЕК Битола.

На што најмногу се троши енергија во македонските домови, што најмногу се користи за загревање на домот, од каде најмногу се губи енергијата? Како да препознаете дека вашиот дом има потреба од повеќе изолација? Реши го квизот и #Дознај дали сте енергетски ефикасни, можеби само делумно запознаени или воопшто не знаете што опфаќаат мерките на енергетска ефикасност?

м-р Ненад Тониќ, д.с.и.

Институцијата која пред граѓаните испорачува барање да се самоограничат во користењето на автомобилите, додека самата таа непречено „ужива“ возен парк од 40-50, па и повеќе конвенционални возила, не поседува кредибилитет за испорачување на такво барање. Дотолку повеќе што во нашите услови службените возила се „приватизирани“ дури и од хиерархиски најниските раководни ешалони па освен за секојдневните службени потреби се користат и како редовно превозно средство на релација дома-работа!