Во последните денови, скопјани активно споделуваат видео снимки и фотографии од змии снимени во централното градско подрачје, низ скопските населби и во близина на Градскиот парк во Скопје. Појавата на змии во урбаните средини може директно да се поврзе со нехигиената во градот.

Селото Казандол e одалечено 7 километри јужно од градот Валандово, во областа Бојмија на надморска висина од 500 метри. Селото има умерена пријатна планинска клима невообичаена за жешкото југоисточно поднебје на Македонија.

Граѓани на кои им е преку глава од валкани улици и расфрлан отпад, ги зедоа метлите во свои раце. Секој викенд на Фејсбук групата Не биди ѓубре се најавува локацијата за чистење низ Скопје. Досега се чистеше во дворот на Клинички центар, платото пред Универзална сала, кај Соборниот храм и уште неколку локации. Иницијаторката на оваа група, актерката Ирена Ристиќ вели дека агендата за септември е направена.

Топењето на варовник за добивање вар во варџилници е занает кој постои во Македонија со векови. Во старите, од камен ѕидани печки се ложи оган кој достигнува над 1000 целзиусови степени - услов да се оствари физичко-хемиската трансформација од варовник во вар.

Дивите депонии се еден од најголемите еколошки и комунални проблеми во Македонија. Во Македонија има 54 комунални и стотици диви депонии кои се со висок ризик за животната средина. Посебен проблем се малите диви депонии што се наоѓаат околу викенд населбите во близина на поголемите градови. Најчесто овие населби немаат регулиран комунален третман на отпадот, па несовесните граѓани го фрлаат отпадот во дупки, долови и во близина на регионалните и локалните патни правци.

Дали измените во Законот за минерални суровини, според кој се предвидува исфрлање од употреба на цијанид и сулфурна киселина при рударските процеси, ќе влеат малку надеж кај валандовчани дека можеби ќе се стопира работата на рудникот Казандол. Валандовчани се плашат дека со отворање на рудникот, Валандово ќе го изгуби брендот на еколошки град, а тие ќе го изгубат пазарот за нивните земјоделски производи. За ова било разговарано и со премиерот Заев да се најдат правни норми за да се затвори прашањето. Од најплодната валандовска котлина, во ResPublica видео подкаст разговараме со проф. д-р Борис Таневски, биолог и агорхемичар, екологисти од локалните иницијативи и градоначалникот на Валандово, Перо Костадиновски.

Наместо да се чека два дена по ред РМ10 да се качат над 200 микрограми на метар кубен, мерките против загадувањето треба да се активираат еден ден пред да се очекуваат така високи вредности.

Во Карпош и Аеродром, исто како и во другите скопски општини, со години има пространи диви депонии, затрупани со шут и ѓубре на кои анонимни луѓе горат најразличен нелегален и опасен отпад и кои придонесуваат за загадување на воздухот во Скопје. Исто така, мини депонии на кои се расфрлани материјали од непознато потекло се и круговите на индустриските зони, без разлика дали се активни или напуштени, како на пример кај поранешна „Стакларница“ во Кисела Вода. Ѓубрето се фрла и покрај скопските реки, под мостовите, насекаде.

Во Македонија има три основни столба кои ќе помогнат да се намали загадувањето - намалување на потрошувачката на електрична енергија, користење обновливи извори на енергија и гасификација. Со мерките за енергетска ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, до 2035 година може да се намали загадување кое е еднакво на денешното загадување од РЕК Битола. Дел од приоритетните мерки кои треба да се применат се субвенции за греење кое не загадува, домаќинствата да вградуваат сончеви колектори за производство на струја, проширување на топлификацискиот систем, промена на сообраќајниот режим во Скопје, автобуси на електричен погон и забрана за градежни активности кога загадувањето надминува одредена граница. ResPublica видео подкаст со професорот Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност и Соња Ристеска од Аналитика тинк тенк.

Отворањето на рудници во југоисточна Македонија воопшто не е оправдано зашто ќе бидат темпирани еколошки бомби. Од другата страна на државата, Шара треба да се прогласи за национален парк заради нелегалното сечење дрвја и лов на дивеч и неконтролираното пробивање патишта и градење куќи и хотели. Новата влада треба да води т.н. зелена економија, која ќе овоможи приходите од искористувањето на природните ресурси да ја унапредуваат животната средина, а не да профитираат само мал број луѓе. За еколошките приоритети во државата, во ResPublica видео подкаст зборуваат Антонио Јованоски од еколошкото-младинско здружение „Гоу Грин“ и биологот Кирил Арсовски.

Илјада депонии. Педесетина општински, но без дозволи за работа.                        

Ефектите од загадувањето почнуваат да се одразуваат и врз езерата, кои што претставуваат едни од најголемите природни богатства на Македонија. Дали надлежните институции соодветно постапуваат и се грижат за заштита на езерските води? Колекторскиот систем на Охридското езеро е најголемиот и најзначајниот во западна Македонија, а работи со половина капацитет.

Само неколку општини имаат капацитет да ги спроведат регулативите за Б-интегрирани еколошки дозволи. На терен владее вистински хаос. Нема координираност меѓу централната и локалната власт. Една иста парцела добива дозвола и за куќа и за фабрика.

Дали луѓето кои ја уништуваат природната околина ги прифаќаат информациите дека последиците ќе ги почувствуваат и самите? Ако не се плашат дека тоа ќе влијае врз нивното здравје, се плашат ли од законските санкции, како парични казни, па дури и затвор. Како мисли и како постапува еден поединец, зависи каква личност оформил уште од детството, а за подобри морални вредности кога се оформува младата личност придонес може да даде изучувањето на етиката.

Дебатата за загадениот воздух се сведува на безначајна размена на соопштенија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои засебно можеби личат на заокружени смисловни целини, но во поширокиот контекст се само обични, дури и евтини логички замки, особено кога владејачката партија драматично изразува загриженост за загаденоста на Куманово.

Годишно губиме до 1.200 смртни случаи заради последиците од загадениот воздух. Со тоа, аерозагадувањето е најчестата еколошка причина за смртност кај населението. Ако не се почне со преземање сериозни мерки против загаденоста, луѓето многу помлади ќе заболуваат хронично од белодробни, срцеви и мозочни болести, а животниот век ќе се скрати за најмалку 4 години.

Информациите за загадувањето на воздухот во Македонија, нас, граѓаните, не доведуваат во состојба како кога имаш камче во чевелот што ти пречи, но не знаеш колкаво е, од каде е, колку време ти е во чевелот и како ќе влијае врз твоето здравје. Никој во Македонија не знае точно колку е загаден воздухот бидејќи податоците кои се достапни во државава се непрецизни и не може да ги сметаме како вистинити.

Повеќето општини во Македонија изготвија локални еколошки акциски планови, но константната загаденост на воздухот укажува дека недостигаат стратегиски и долгорочни решенија. Непреземањето на енергични мерки за ваков сериозен проблем не смее да се толерира, особено што во државата има експерти со релевантни предлози од оваа област. Истовремено, Македонија не е првата држава во светот која се соочува со загадување на воздухот и треба да ги искористи добрите практики од други земји за да се справи со овој проблем.