Македонија  е земја со богата хидрографска мрежа, но во последните неколку децении сведоци сме на намалување на водотеците и загадување на реките и природните езера. Освен ова, користењето на водата како ресурс е неразумно и неодржливо. Многу често водата за пиење се користи и како техничка вода. Во јануари ги прашавме граѓаните дали сметаат дека Македонија доволно води грижа за своите водни богатства. Дури 94% од прашаните сметаат дека не се води доволно грижа за водата, 4,5% одговориле дека не знаат, а само 1,3% одговориле да се внимава на водата.

Соочени со глобалното затоплување и се поголемата загуба на вода низ Европа, Македонија треба посериозно да гледа кон водата како животно значен ресурс.