fbpx

По налог на АЕК кабелски оператор нема да тужи за неплатени сметки лице со нарушен психофизички развој

Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), која по иницијативата на Народниот правобранител го контактираше кабелскиот оператор и така се заврши работата договорот да биде раскинат без казна за болното лице и старателот, апелираат сите ако не се задоволни да поднесуваат приговори директно до раководството на кабелските оператори, не на шалтер.

aek1Агенцијата за електронски комуникации е надлежна за контрола на работата на кабелските оператори (Фото: СДК.МК)

Кабелскиот оператор, кој пред околу една година склучил договор со 27- годишен клиент без деловна способност, со видливи болести церебрална парализа, нефункционална лева страна, епилепсија, намален вид, пречки во говорот и долна граница на дебилитас ментис, ќе го раскине договорот, по реакцијата на Народниот правобранител.

Операторот повеќе од една година одбиваше да го раскине договорот и на неговиот старател, таткото, му се заканувал со тужба ако не ги плаќа месечните сметки. Сега по интервенција на Омбудсманот, но со посредство на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) која е надлежна за контрола на работата на кабелските оператори, договорот ќе биде раскинат без старателот да плаќа пенали и без да му ги бара заостанатите месечни сметки за кабелските услуги.

До недоразбирањето дошло откако пред околу една година, 27-годишното болно лице шетало само без старателот и влегло во просториите на операторот. Кога побарал услуги од нив, вработените, место да ги воочат неговите потешки здравствени проблеми, на шалтер му го пополниле потребниот формулар. Клиентот тешко разбира напишан текст, тешко зборува, не гледа убаво, а има и физички проблеми, па едвај на местото за потпис на корисникот, ги ставил своите иницијали.

На таткото на болниот човек, кого институциите го одредиле да го застапува, да му пружа помош и да го негува, кабелскиот оператор му кажал дека ако сака да го раскине договорот еднострано, ќе треба да плати високи пенали. Очаен, таткото на деловно неспособното полнолетно лице, се обратил до Народниот правобранител Иџет Мемети.

САКАМДАКАЖАМ.МК оваа иницијатива на Народниот правобранител ја објави на 14 ноември, а потоа Агенцијата за електронски комуникации го контактираше кабелскиот оператор и така се заврши работата договорот да биде раскинат без казна за болното лице и старателот.

Во АЕК апелираат до корисниците на услуги од кабелските оператори, ако не се задоволни и имаат проблеми со нив, да поднесуваат приговори, но до раководството на операторите.

“Приговор против кабелските оператори не се поднесува на нивните шалтери. Најчесто, тие приговори или таму завршуваат, или вработените си дозволуваат уште од шалтер да им кажат на граѓаните дека се одбиени или дека треба да плаќаат пенали. Приговорите граѓаните да ги поднесуваат до правните служби или до директорите на кабелските оператори“, апелира АЕК.

ПОДНЕСИ ПРЕТСТАВКА ДО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Текстот е првично објавен на www.sdk.mk

Тагови: