fbpx

Онлајн платформи за дигитален активизам

Онлајн платформи за дигитален активизам

За кои и какви платформи зборуваме? Се зависи колку тесно или широко сакаме да ги гледаме работите. Платформа е и еден сервис како Facebook, но и Google кој има мноштво  сервиси под својата капа (Maps, YouTube…), исто како што под Facebook може да се вбројат и Instagram и WhatsApp. Платформа може да биде вашиот вебсајт или некој надворешен сервис. Во крајна линија не е ни важно како ќе ги именуваме дали ќе биде платформа, сервис или канал, важно е да знаете за што и како го користите.

Во актуелниов брз и динамичен дигитален свет различни можности се појавуваат премногу често. Тоа не значи дека секоја нова можност треба со полна сила веднаш да скокнете да ја употребувате. Да се разбереме, не велиме дека не треба да се обидувате да искористите некоја нова платформа, она што го велиме е дека треба одлуката да биде донесена врз база на прецизна анализа.

Правете разлика на тест и истражување на одредена платформа/сервис/алатка и нејзина употреба во рамки на вашата кампања или целокупна активност. Секогаш треба да следите што ново се појавува на интернет, какви функционалности се додаваат на актуелните сервиси и какви можности нудат сите овие новитети. Често некоја нова платформа, сервис или само функционалност може да ве инспирира да преземете некоја конкретна акција дури и да креирате цела кампања, но внимавајте да не влезете во замка и залудно да трошите енергија.

Onlajn platformi za digitalen aktivizam gif 1

Пред да донесете одука за користење на конкретна платформа размислете и дефинирајте  дали соодветната платформа ќе ја користите само како алатка која ќе ви овозможи некоја функционалност или примарно ќе ви овозможи досег до вашата целна публика. Кога зборуваме за платформи, а не за сервиси, секогаш на ум треба да ја имаме целната публика. Често нема да ви е потребна голема група на корисници доколку тоа се токму оние кои вас ви требаат и успеете преку некоја платформа да ги најдете и ангажирате. Секогаш е полесно кога не е презаситена комуникацијата со содржина, кога само оние „првите” се таму и навистина е одлично чувството кога сте пионер во заедницата.

Имајте една работа на ум, денес доминантен дел од корисниците на интернет најактивни се преку своите мобилни уреди. Затоа секоја одлука која ќе ја носите носете ја земајќи предвид дека најголемиот дел од вашите пддржувачи ќе бидат активни на и преку совите мобилни телефони. Ова значи дека секој ваш избор на платформа мора да биде достапна/употреблива на мобилни уреди. 

Во продолжение ќе посветиме повеќе внимание на некои од основите платформи и нивните карактеристики, дополнително на крајот ќе ја надополниме листата со останати препорачани сервиси кои можеби во одредена фаза од вашите активности ќе ви бидат од корист.

Facebook

Најголем е, најмногу можности нуди па нормално е да започнеме од него. Низ годините Facebook се менуваше многу, и сеуште се менува. Во различни периоди различни делови од оваа платформа добиваат фокус и надградби кои овозможуваа поефективна комуникација. Основните два дела од овој сервис кој треба да ги имате на ум се страниците (pages), групите (groups) и инстант пораките (Facebook messenger).

На Facebook помислуваме кога сакаме да стигнеме до масовна публика, кога сакаме за најкратко време да информираме најголем потенцијален број луѓе. И тоа е сосема во ред, но денес мора без исклучок пред секоја стратешка одлука да си го поставуваме прашањето: која е нашата публика? Ако порано сите беа на Facebook, денес тоа не е случај, или барем не е случај кога зборуваме за pages и groups. Ако порано можеше брзо и релативно лесно без некој посебен буџет да се стигне до голема публика на Facebook, денес и тоа не е случај.

Затоа пред да се одлучите да го користите Facebook гледајте одвоено на трите опции кои ги спомнавме погоре: pages, groups и messenger.

Facebook Pages

Да го пишувавме ова пред само две години веројатно ќе пишевме дека не можете без нив, денес сме сигурни дека може без нив. Најчесто нема да помине нешто без нив, но верувајте, може. Не мора ова да го сфатите како директен совет, туку како охрабрување ако сте решиле да не креирате уште еден Facebook page, не морате. 

Одлична алатка се овие страници, но за да имате забележителна видливост мора да планирате да одвоите буџет за промоција односно рекламирање/спонзорирање на вашите објави. Иако постојат исклучоци, сепак страниците на Facebook добиваат исклучително мал органски досег, што значи дека она што ќе го објавите, без да го рекламирате го гледаат мал број од вашите фанови. Ако не планирате или не можете да си дозволите на дневно ниво да објавувате оригинална и исклучително квалитетна содржина, тогаш спремете си буџет за рекламирање. Нема ништо лошо во тоа, едноставно тоа се правилата на игра и треба да ги знаете, прифатите и планирајте. Од друга страна рекламирањето ви дава можност да се фокусирате повеќе кон соодветната целна публика и да ја целите токму неа што секако е многу важно во секој случај.  

Од друга страна доколку целната публика ви е од помладата генерација, односно т.н. millennials тогаш дефинитивно во вашата стратегија не треба Facebook страницата да ви биде централен канал за комуникација. Сите останати целни публики, генерално ќе ги најдете на Facebook, особено ако добро таргетирате.

Facebook страницата може и да е тука само за да ги спои другите алатки кои ги нуди оваа платформа, и воопшто да не е самата по себе во фокус или да имате некои преголеми очекувања. Тука пред се мислиме на групите, настаните и директните пораки.

Facebook Groups

Групите на Facebook ја ставаат во фокус дискусијата, градењето заедница и директното вклучување на самите учесници. Токму затоа и не смеете да ги занемарите. Успешноста на една активистичка кампања зависи од нивото на вклученост на поголема група на застапници на каузата за која се залагате.

Со намалувањето на органскиот досег кај страниците Facebook стави поголем фокус на групите и во последнава година ги збогати со значителен број нови функционалности кои ги направија одлична алатка за поголем број потреби. Листата на можности е голема но секако од оние позначајните кои мора да ги земете предвид се статистиките кои се достапни за поголеми групи (над 250 членови), настаните кои може да се креираат внатре во самата група, можноста за додавање на документи, организирање на „офлајн” средба преку „get together” опцијата.

Групите може да ви се најдат и како добра ефективна алатка за внатрешна организација на тимот со кој работите, но верувајте, далеку поважни се кога се масовни и се направени со цел да ја активираат заедницата во која сакате да делувате. Некои експерти велат дека групите на Facebook денес се ефективни како мејлинг листите во минатото, со таа разлика што нудат многу повеќе можности.

Facebook Messenger

Причината зошто ја истакнуваме оваа опција на Facebook не е заради можноста директно да разговарате со некого преку чет туку заради се поактуелните и сеприсутни т.н. чет-ботови. Во моментот кога преку својата Facebook страница ќе успеете да креирате полу или целосно автоматизиран чет-бот тогаш можностите за директна комуникација со потенцијалните поддржувачи и активисти достигнува друго ниво. Моќта на комуникација 1 на 1 со голема група луѓе ја менува целокупната поставеност на работите. Чет-ботовите може на поедноставен начин и на далеку по позната платформа (Facebook Messenger) да им ги пренесуваат најважните пораки и опции на граѓаните.

На пример преку четбот можете автоматски да понудите опции за директна поддршка на вашата кауза, да ги излистате сите конкретни можности преку интерактивно однапред дефинирано мени и на крај да ги однесете вашите идни поддржувачи на точната локација каде треба да преземат ацкија или да се информираат дополнително. Постојат голем број на алатки на интернет кои можат да ви помогнат во креирањето на чет ботови со основни функционалности, кои ќе ви бидат доволни за почеток.

Генерално, навиките на самите корисниците на Facebook се повеќе е насочено кон ваквата директна комуникација. Поврзувањето на ваква интерактивна платформа со преземање на директна акција може да направи пресвртница во бројот на поддржувачи и нивната сериозна вклученост.

Иницирањето на една ваква комуникација Facebook го има олеснето и се што е потребно е во својата комуникација на другите канали да го споделите линкот m.me/корисничко_име кој директно ќе ги одведе посетителите во Facebook Messenger и ќе го стартува разговорот со предефинираните опции.

Истиот повик за отварање на ваква комуникација можете да го промовирате на секоја ваша објава на вашата Facebook страница или преку спонзорирана реклама.

Twitter

Иако малку понеактуелен во споредба со неговата улога во минатото, сепак не смее да се запостави оваа платформа која форсира брза комуникација во реално време. Локално бројот на активни твитер корисници е поголем од кога било, по бројот на интеракции истото така може да се забележи сериозен раст, но се чини дека влијанието на конверзациите таму веќе некое време не го има влијанието кое го имаше во минатото.

На Twitter се цени проактивноста. Не е важно колку публика имате, туку колку будно ги следите дискусиите на останатите и колку релевантно се вклучувате во истите. Twitter е најсоодветна платформа за слушање. Дискусиите се видливи, достапни и брзи. За разлика од Facebook каде тешко може да следите што се случува надвор од вашите канали, на Twitter одите за да ги идентификувате лидерите во одредени дискусии, засегнатите поединци и/или организации.

И покрај серијата на нови функционалности кои ги додаде овој сервис, сепак суштината е брза и навремена дискусија. Мобилизирање на поддржувачи кои понатаму преку споделување и вклучување во дискусија ќе ја застапуваат вашата кауза.

Не заборавајте, ова е платформа за слушање, па затоа покрај директните спомнувања ќе мора да поставите добар систем за мониторирање на другите дискусии. Тука може многу да ви помогне TweetDeck бесплатната алатка која сега е во сопственост на самиот Twitter. Таму во повеќе колони може да наместите различни пребарувања кои ќе ве стават во возачкото седиште на долгите се надеваме релевантни дискусии. Можете да пребарувате со различни логички функции додавајќи и  одземајќи термини и типови на објави.

Тешко дека денес една кампања може да се потпре на Twitter како основна комуникациска платформа, но секако дека не треба да се занемари истата. Доколку процените дека немате ресурси или потреба да развивате активна комуникација таму, не мора да развивате комплетно присуство но лоцирајте кои членови ва вашиот тим се активни таму и разговарајте со нив дали тие може да преземат малку поактивна улога во клучните моменти од вашите активности.

Instagram

Instagram не е само за убави фотографии од местата на кои шетаме. Оваа платформа одамна ја „запоседнаа” и другите општествени актери вклучувајќи ги и медиумите и т.н. меме профили за полека но сигурно да придонесат кон промената на навиките на самите корисниците. Денес ако сакате да комуницирате со помладата генерација интернет корисници не смеете да го изоставите Instagram, особено неговата „втора половина” – Stories. Ако некаде можете да го привлечете нивното внимание тогаш тоа е дефинитивно таму, преку вертикалната содржина која исчезнува за 24 часа. Скокаме директно на делот со stories затоа што тој е оној кој дава можности за поголема интеракција, пренесување на искуство, вклучување на другите и сл.

Гледајте ги овие вертикални објави како визуелизирани твитови. Ако порано се што беше актуелно, во живо, се твиташе, денес се оди на stories на Instagram. Овој дел од Instagram всушност се надградува најмногу од самата своја појава до денес и претставува една од клучните алатки за комуникација со помладата генерација.

Crowdfoinding

Краудфиндинг, во нашиов случај може да го гледаме како начин на прибирање средства во која граѓаните директно инвестираат средства на темелите на непосредната јавна интеракција со носителите на идејата, проектот, кампањата или сл. со цел за остварување на истата. Ваквите платформи започнаа како паралелен систем за собирање на средства за стартап проекти, но подоцна се појавија и платформи на кои се собираат средства за различни други типови на проекти. Овие платформи често се локални или посветени на одредена конкретна тематика/проблем.

Onlajn platformi za digitalen aktivizam crowdfunding

Во Македонија постои една ваква платформа - letsfundit.mk. Истата поддржува прибирање нас средства за граѓански иницијативи и може да биде искористена од страна на граѓански организации или неформални групи. 

Во светот постојат голем број платформи и сервиси кои нудат конкретна поддршка за активисти, но локално многу мал дел од нив се сметаат за соодветни и имаат реална употребна вредност. Секако дена нема правила и треба да бидете храбри и да пробавауте различни наини да стигнете во својата цел, но искуствата велат дека ако ви треба масовност одите онаму каде е публиката. Листи на сервиси и платформи може да најдете на: socialbrite.org, sm4good.com, en.reset.org, beautifultrouble.org

Запомнете!

Креирајте сметка на сите севиси, испробајте ги, ако не ви користат директно може ќе ве инспирираат за некоја друга примена на платформа која веќе ја користите!

Не заборавајте!

Интернет не е само уште еден канал за дистрибуција на пораки, туку место за споделување и разменување на искуства и знаење, место за мобилизација и акција!