fbpx

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, преку користење на дигиталните медиуми. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра интерактивна комуникација, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“, поддржан од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас.

Повеќе ...

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави истражувањето „Поврзување со граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“, чија цел е да утврди колку често и за кои цели граѓанските организации користат дигитални комуникациски алатки и техники за да ги пренесат своите пораки до јавноста и целните групи. Анализата се осврнува кон користа од дигиталното комуницирање, особено кога традиционалните медиуми се недостапни за граѓанските организации. Истражувањето исто така се осврнува и кон искуствата на некои од граѓанските иницијативи кои беа актуелни во јавноста во изминативе неколку години (Протестирам, Шарена револуција, Студентски пленум), кои се потпираа на социјалните медиуми во комуникацијата со јавноста и целните публики.

Повеќе ...

Делувањето „во име“ на јавниот интерес е сведено на реторика, а не на имплементирање политики кои навистина се од јавен интерес. Политичките елити често ги претставуваат своите одлуки и политики како да се од највисок јавен интерес без да образложат како, дури и кога е воочливо дека не се. Ваквото злоупотребување на јавниот интерес во дел произлегува од недостигот на негова цврста, општоприфатена дефиниција, како и недоволните познавања на граѓаните околу неговото значење.

Повеќе ...

Владата има водечка улога во одржување и развивање на јавниот интерес во едно општество. Владата треба да дејствува во име на граѓаните така што активно ќе ги следи состојбите и настаните, ќе креира нови инструменти и мерки за подобрување на секојдневниот живот и ќе усвојува стратегии кои ќе обезбедат просперитет и мир за нацијата. Владата треба да создаде и околности во кои граѓаните ќе можат да ги уживаат индивидуалните права и слободи, притоа не нарушувајќи го интегритетот и интересот на заедницата.

Повеќе ...

Граѓанското општество претставува широк спектар на невладини и непрофитни организации кои во јавниот живот ги претставуваат интересите на најголемиот дел на граѓаните. Граѓанскиот сектор со своите активности ја надополнува или во одредени случаи целосно ја заменува улогата на владините институции. Граѓанските организации делуваат за развој на демократијата, обезбедување на човековите права, помош на луѓето со физички или ментален хендикеп, грижа за деца и младинци, унапредување на здравјето, заштита на животната средина итн. Тие се борат за прашања од јавен интерес и во своите активности успешно ги вклучуваат граѓаните кои се најзасегнати од јавните политики. Оттука граѓанските организации можат да се наречат организации од јавен интерес или добротворни организации.

Повеќе ...
Нема повеќе содржини

             
             
fb   twit   instagram   youtube
             

blank

 

testovi banner