fbpx

Апокалиптични сцени од депонијата Мегленци и РЕК Битола

Апокалиптични сцени од депонијата Мегленци и РЕК Битола

kopce1

Дури и во најсиромашните делови од Индија и од Африка тешко може да се види глетка од луѓе, свињи и кучиња кои делат катастрофална судбина, предизвикана од загадувањето на почвата co ѓубре, отпад, смет и на возудхот со издувни гасови, чад и смог.

  • a23
  • a21
  • a20
  • a28
  • a26
  • a24
  • a3
  • prlagonija-strnista-palenje
  • a34
  • a33
  • a23
  • a21
  • a20
  • a28
  • a26
  • a24
  • a3
  • prlagonija-strnista-palenje
  • a34
  • a33
Депонијата Мегленци е на само десетина километри од градот
 

Такви се сцените од депонијата Мегленци и од РЕК Битола за кои повеќето од нас воопшто не се свесни дека се наоѓаат на само десетина километри од градот на конзулите и повеќе други населени места.

Доколку човек не помине од оваа локација не би можел да поверува дека има места во Македонија кои наликуваат на фантастични филмови со апокалиптични сценарија.

prlagonija strnista palenje
Палење стрништа во Пелагонија во полн ек
 
 

Освен отровниот воздух, неизбежно се поставува прашањето каква храна конзумираат граѓаните ако се знае дека Пелагонија е главен извор за житни и други земјоделски производи во земјава, а истовремено домашни животни, кои завршуваат на трпезите се хранат од депонија.

Долгогодишната безидејност на надлежните институции во решавањето на овие еколошки проблеми, но и општествената незаинтересираност за активен ангажман против загадувањето се главни причини за оваа состојба.

Содржините ги изработи Институтот за комуникациски студии.
Видео и фотографија: Томислав Георгиев