fbpx

Преку скриени трошоци заработуваат илјадници евра од возачите

Преку скриени трошоци заработуваат илјадници евра од возачите

kopce1

Издавањето или замената на сообраќајна дозвола при регистрација на возилата има скриени трошоци. Иако на сајтот на Министерството за внатрешни работи наведено е дека тоа чини само 200 денари, граѓаните за докомплетирање на документацијата треба да дадат уште околу 10 евра.

Истражувањето на екипата на Институтот за комуникациски студии покажа дека оваа скриена давачка на сервисите годишно им носи од 300 до 400 илјади евра, при што државата како данок на додадена вредност добива од 54 до 72 илјади евра.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии
Новинар: Горан Теменугов
Снимател: Борис Каевски