fbpx

Власта го завршува „Скопје 2014“ додека ја „решава“ неговата иднина

Власта го завршува „Скопје 2014“ додека ја „решава“ неговата иднина

kopce1

Уште неколку милиони евра ќе се потрошат на објекти од проектот „Скопје 2014“, кои ги започна претходната, а ги довршува актуелната власт иако истовремено бара начин како да се постапува со спомениците и градбите од овој проект за кои анализата на Министерството за култура покажа незаконитости.

Во фаза на градба е уште еден мост на реката Вардар во строгиот центар на кој нема да има панорамско тркало како што беше предвидено туку согласно договорот меѓу Град Скопје и изведувачот „Бетон“ќе биде пешачки премин за што градот ќе треба да доплати 3,1 наместо планираните 7 милиони евра.

На 20 декември, минатата година Град Скопје објави повик за ентериерно уредување на идната Градска куќа под Скопското Кале. Градската куќа е планирано да се пушти во употреба во текот на годинава, а во буџетот на градот за 2019 година за овој објект се предвидени капитални расходи од вкупно 101 милион денари.

Во текот на оваа година беше предвидено да приврши и изградбата на објектот Офицерски дом и хотел. Станува збор за објект кој како дел од „Скопје 2014“ почна да го гради грчкиот бизнисмен Димитрис Контоминас, а заврши во рацете на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Согласно договорот, по завршувањето на изградбата инвеститорот треба на Градот Скопје да му отстапи дел од Офицерскиот дом за потребите на матичната служба, работни простории за скопскиот градоначалник и свечена сала.

Помина година и половина откако врз основа на решение на министерот за култура од 28.07.2017 година беше формирана работна група за изработка Анализа за реализацијата и последиците од проектот „Скопје 2014” во состав Мирослав Грчев (координатор), Никола Наумоски, Мартин Пановски, Донка Барџиева Трајковска, Златко Теодосиевски и Гетоар Абдурамани.

„Досега се изработени вкупно 12 елаборати со анализа и препораки за идно постапување, кои потоа Министерството за култура ги испраќа за натамошни консултации во Владата на РМ, од каде што ќе произлезат натамошни предлози и решенија. Наодите до кои дојде работната група, а врз основа на увид во целокупната документација за одлучувањето, финансирањето, изработувањето и подигањето на спомениците и другите артефакти предмет на елаборацијата, укажуваат дека во сите случаи без исклучок се работи за тешко прекршување на сите позитивни закони што ја уредуваат материјата на подигање на споменици, законите за буџет и јавни набавки, како и законите за просторно и урбанистичко планирање и градење“, информираат од Министерството за култура.

Изготвени се елаборати за следните објекти и споменици: Андон Лазов Јанев – Ќосето, Александар Трети Македонски (Воин на коњ) на Плоштад Македонија во Скопје, Филип Втори Македонски (Воин) во Скопје, Порта Македонија, Мајка Тереза, „скулптурите“ поставени помеѓу 2008 и 2010 година во централното градско подрачје на Скопје, сувенирите изработени за т.н. „Проект Скопје 2014“, Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Гемиџиите, Цар Самуил, Димитрие Чуповски и Јустинијан Први.

Во изминатиов период, постапено е само по еден од спомениците-дислоциран е споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето.

  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g1
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g12
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g11
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g10
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g9
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g8
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g7
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g6
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g5
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g4
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g3
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g2
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g24
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g23
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g22
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g21
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g20
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g19
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g18
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g17
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g16
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g15
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g14
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g13
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g28
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g27
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g26
  • Vlasta-go-zavrsuva-Skopje-2014-dodeka-ja-resava-negovata-idnina-g25

На прашањето што со наодите на Министерството за култура и какви се плановите односно сугестиите во однос на идната постапка за објектите за кои е утврдено незаконско делување, од Владата велат дека се работи за сложен процес бидејќи секој од овие споменици и објекти се приказна сама за себе.

„Имено, во нивната поединечна реализација учествувале различни државни органи и институции на централно и локално ниво, кои користеле различни процеси, пристапи и начини на меѓусебна соработка при спроведувањето, што создало комплицирана ситуација на меѓусебно преплетување на одговорностите и надлежностите. Токму затоа, елаборатите ги анализираат овие објекти и проекти поединечно, обидувајќи се да дојдат до спецификите на секој случај, можните прекршувања и незаконитости, начинот на кој секоја од надлежните институции учествувале во секој од проектите и мерките што секоја од нив може да ги преземе за да се адресира состојбата“, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Оттаму повторуваат дека досега ефектуирање на елаборатите имало во случајот со споменикот на А. Лазов Јанев – Ќосето, којшто беше во надлежност на Општина Центар и Град Скопје, како и со стопирањето на мегаломанскиот споменичен комплекс Мајка Тереза, којшто Министерството за култура го „наследи“ од Субрата Рој.

Се уште се проценуваат вкупните трошоци за проектот „Скопје 2014“, кои според некои пресметки надминуваат 600 милиони евра

„Освен тоа, Град Скопје се откажа од изградбата на Панорамското тркало, а се откажа и мегаломанската обнова на Скупи и изградбата на амфитеатар од травертин за 9.000 посетители, што ќе ја нарушеше целосно автентичноста на овој значаен археолошки локалитет. Во Археолошкиот музеј во тек е процес на реконцептуализација ма музејската поставка што беше обременета со восочни фигури, несоодветни сликарски платна и друг неавтентичен музејски материјал. Општина Центар ги стопираше училишните посети на идеологизираната поставка во Музејот на македонската револуционерна борба, чекор што ќе го следат и други општини додека тој музеј не стане вистински музеј што ќе ги запази сите стандарди на музеологијата“, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Во Владата најавуваат дека внимателно ќе ги разгледаат елаборатите на Министерството за култура, наодите и препораките на стручњаците како и импликациите што би се создале со нивното спроведување, по што ќе донесе одлука со која ќе ги задолжи институциите како да постапат понатаму.

„Процесот ќе се одвива мошне внимателно со цел спроведувањето на препораките да ја врати законитоста, да го ослободи јавниот простор и да ги врати назад на пиедесталот архитектонските стандарди и нивната функционалност во остварување на јавниот интерес, а при тоа да не создаде дополнително или нерационално оптоварување на буџетот на граѓаните“, вели Бошњаковски.

Општина Центар не постапува за да не уништи доказен материјал

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во април, минатата година најави дислокација на неколку споменици кои беа дел од „Скопје 2014“. На нашето прашање до каде е реализацијата на оваа најава, од општината велат во функција на запазување на судските постапки кои се водат, а поврзани со „Скопје 2014“, секое откривање на детали и поединости врзани со овие случаи може да ги загрозат самите постапки.

„Општина Центар останува во постојана комуникација со сите инволвирани и засегнати институции кои водат истрага за сите предмети и секоја дислокација или отстранување би можело да значи уништување на доказен материјал“, велат од општината.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинар и фотограф: Владимир Николоски
Снимател: Љубомир Домазетовски