fbpx

Борбите меѓу учениците се организирале со ценовник

Нови видеа од организирани борби меѓу малолетници во скопски Капиштец стигнуваат до нашата редакција. Борбата се наплаќала: 20 денари за гледање, 300 денари за снимање, велат родители на деца очевидци.

Министерот за образование Арбр Адеми не знае за организираните борби. МВР денеска не се произнесе со нови детали, но родителите на учениците во општина Центар велат дека полицијата ги известила училиштата за овие настани.

Види повеќе за истата тема: Гладијаторски борби меѓу малолетници во центарот на Скопје

Содржината ја изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со МТВ 1.

Новинарка: Катерина Топалова Снимател: Мухамед Хазири Монтажер: Александра Велјановска

Тагови: