fbpx

Што е „Блог“

Што е „Блог“

 

 


RESURSI 1 S1Квалитетот на содржината, редовно објавување, добар дизајн и воспоставено присуство на социјалните медиуми се рангирани како четири најголеми фактори за кредибилитетот на еден блог.

 

 

 

RESURSI 1 S2

Просечниот блог содржи 1,050 зборови.

 

 

 

RESURSI 1 S4Просечниот читател не се задржува на еден блог подолго од една минута. Поради тоа, потребно е веднаш да се привлече вниманието со понудената содржина.

 

 

 

RESURSI 1 S3

Вордпрес (Wordpress.com) е најпопуларната платформа за блогирање. Една четвртина од веб-страниците низ светот (над 80 милиони веб-страници) се потпираат токму на оваа платформа.

 

 

 

RESURSI 1 S5Блогови кои имаат фотографии на секои 70-100 зборови се повеќе споделувани преку социјалните медиуми.

Блог претставува онлајн платформа на која се прикажуваат низа на текстови, најчесто по хронолошки распоред. Блогот содржи текстуални содржи (популарно наречени „блогови“) напишани од еден или од група на автори. Блоговите содржат ставови и мислења за различни теми, зависно од определеноста и тематиката на блогот на кој се објавени.

RESURSI 1 vnatre slika 1

Блогови наспроти интернет (веб) страници

Блоговите често се поистоветуваат со традиционални веб страници. Впрочем, голем број на веб-страници содржат категорија „Блог“ на својата платформа. Сопствениците на бизниси гледаат корист во тоа да се наметнат како авторитет во полето на нивната работа. Поради тоа, објавуваат свои ставови и мислења за сродни теми, со цел да го привлечат вниманието на потенцијални клиенти.

Кои се главните разлики помеѓу блог и веб страница?

Најпрво, веб страниците кои интегрираат и блог не ја ажурираат содржината редовно. Тие објавуваат нови „блогови“ кога треба да промовираат некој нов производ, или пак кога имаат некоја нова активност за која сакаат да се „рашири глас“. Со привлекување на поголем број на читатели, компаниите ја зголемуваат јавната свест за нивниот бренд, и ја градат довербата со потенцијални клиенти.

Наспроти тоа, блогот најчесто изискува редовно објавување на нови содржини (зависно од динамиката на објавување утврдена од поединците или организациите што го водат конкретниот блог), со цел да остане релевантен.

Целта на блоговите објавени во рамки на посебните веб страници на бизниси е промоција на сопствени содржини, а не да поттикне дискусија или дебата за определено прашање. Блоговите најчесто се објавуваат со цел да информираат, но и да поттикнат дискусија и дебата за некое прашање. Блог каков што е Рес Публика (www.respublika.edu.mk) се занимава со социо-политички и општествени теми и е дизајниран да им понуди на граѓаните место за информирање, но и за вклучување во дискусијата за прашања што директно ги засегаат.

Од друга страна, постојат лични (personal blogs) блогови кои се креирани на популарни теми, и кои даваат совети на луѓе кои се заинтересни за тие теми (на пример, таков е блогот на Моника Потер, фокусиран на храна и препораки за места во градот каде што може да се најдат локали за храна).

Во денешно време, започнување на блог е многу едноставно. Се што е потребно е да отворите свој профил на некоја од блог платформите (најпопуларна е Вордпрес), и да одлучите што сакате да постигнете со вашиот блог.

Блогот е одлична можност да се изјасните за некои прашања и да привлечете истомисленици со кои ќе можете да дискутирате. Блогот е исто така алатка преку која ќе можете да се изразите за вашите интереси. Тоа можат да бидат најразлични теми, а публика на читатели постои за секоја од нив, без разлика дали станува збор за храна, дизајн, мода, или пак блог за политика.

Честа заблуда е дека кога се пишува блог на некоја покомплексна тема (пр. даночни регулативи, странски инвестиции и сл.) мора да се пишува на „повисоко“ ниво. Меѓутоа, најдобрите блогови на концизен и јасен начин ја пренесуваат главната порака, на начин што ќе им биде пристаплив на поширока публика.

RESURSI 1 vnatre slika 2 edit

Зошто блогирањето е популарно?

Бизнис блоговите, на пример, се евтин и едноставен начин за промоција на една компанија. Поголема информираност на клиентите, зголемување на продажбата на производите и услугите, чекор со новите трендови и влез во нови пазари се работи кои еден бизнис блог може да ги поттикне.

Но, сепак блоговите се двострана комуникација. Преку блоговите, граѓаните можат да се информираат за теми кои ги интересираат на брз начин кој е лесен за конзумирање. Добрите блогови не се предолги, и не содржат „бирократска“ терминологија која го одвлекува читателот. Блоговите се ефикасен начин за промоција на некоја добротворна кауза, или за ширење на информации од јавен интерес. Блоговите често повикуваат на акција, или ги поттикнуваат граѓаните да се вклучат во дискусија или да научат нешто повеќе за тоа како да ги остваруваат своите граѓански права.