fbpx

Даниела Канает, Професионална мрежа на жени од Загреб: Еднакви права или привидност

Даниела Канает, Професионална мрежа на жени од Загреб: Еднакви права или привидност

kopce1

Борбата за правата на жените започнала во 19-от век, кога жените имале право на образование и работа, а истовремено и тежнееле кон тоа да учествуваат во одлуките во политиката. Нов Зеланд е првата држава во светот каде жените добиле право на глас (во не толку далечната 1893 година). Сепак, дури во времето помеѓу двете војни жените се избориле за своето право на глас во остатокот од светот. Оттогаш почнало да се зајакнува женското движење со кое жените се обидувале да создадат нови улоги во општеството.

Daniela Kanaet Profesionalna mreza na zeni od Zagreb Ednakvi prava ili prividnost

Во текот на изминатите стотина години се зголемил бројот на работни места на кои жените и мажите имаат исти улоги и задачи. Но дали тоа е навистина така или е само привидно?

На Даниела Канает ѝ поставивме прашања во врска со силата и положбата на жените во денешното општество. Даниела живеела, се школувала и работела во повеќе држави во Европа во кои има различни култури, кои негуваат инакви вредности и обичаи. Своето долгогодишно искуство го стекнала во голема интернационална компанија. Таа се качувала по хиерарската скала благодарение на нејзината напорна работа и непресушна енергија, па со тоа, промислено, предизвиците и пречките ги претворала во можности да ја пренасочи ситуацијата во своја полза и постигнувала врвни резултати за кои многу често и добивала награди. Во исто време, таа е активна членка на ПМЖ/PWN (Професионалната женска мрежа / Professional Women’s Network) од Загреб. PWN Загреб е 28-та подружница на здружението PWN Global која од 2004 година работи во 12 земји во САД, Европа и на Блискиот Исток и брои повеќе од 3.500 членови. Здружението активно ги промовира и имплементира најдобрите глобални практики и знаења од областа на родова рамноправност, во соработка со здруженија со слична област на делување, со работодавци, професионални здруженија и органи на јавна власт, притоа обидувајќи се активно да ги вклучат како жените така и мажите.

„Првата мисла е дека е тажно тоа што во нашето „цивилизирано“ општество, сè уште мора да се осврнуваме на прашањето на родова еднаквост“, истакнува Даниела за почеток.

Опкружени сме со бројни можности за жените, со помош на програмите кои ги поттикнуваат жените на работа и претприемништво, за развој на вештините, компетенциите и знаењето, но истовремено ги вреднуваме ли и ги цениме ли жените исто колку и мажите? Ги имаат ли сите истите можности, се мерат ли силните страни без оглед на полот?

„Верувам дека е стимулирачки и дека на многу жени им овозможило да започнат нешто за себе за кое до неодамна не ни можеле да сонуваат. Она што ме мачи е прашањето дали ова може да е еден од оние трендови кои може да исчезнат без да остават конкретни резултати, како некоја минлива хит диета“.

Многу често гледаме ситуации во општеството во кое жените се „сами“ во својата потрага по кариера или претприемништво, борејќи се помеѓу улогите на жена, работничка, мајка. Тие наидуваат на отпор на секој чекор, иако улогите на жените во општеството веќе одамна се трансфомираа од размислувањата дека главната задача на жените е да се грижат за семејството. Уште почесто сме сведоци на ситуации во кои жените губат можност за напредување или наградување поради одлука да станат мајки. Животните искуства на жените често се такви што нивните улоги бараат многу труд и жените во целост се откажуваат од мајчинство, па се предмет на осуда поради таквата одлука.

„Моето животно искуство се формираше помеѓу три култури, пораснав во Шведска и Италија и како возрасна личност се вратив во Хрватска. Шведска особено силно влијаеше на начинот на кој гледам на светот. Прашањето на жените и нивната еднаквост во општеството се многу развиени во Шведска и во нордиските земји и имав среќа да го усвојам тоа во клучен период од моето растење. Уште тогаш, пред триесетина години, беше најнормално и таткото и мајката да минат исто време на породилно отсуство“.

Колку е реално мажот и жената да делат исти задачи надвор од семејството и во рамки на истото? Во најголем број случаи кај паровите и семејствата мажот е оној кој повеќе придонесува финансиски, а со тоа нашата култура е повеќе склона кон тоа одгледувањето на децата да биде препуштено на мајките, а со тоа и премногу ретко гледаме примери во кои машкото ја презема грижата за одгледувањето. Сето тоа само изгледа како обиди за изедначување на половите. Премала е критичната маса која нè води во посакуваната насока на еднаквост која би требало да ја имаме во денешното напредно, цивилизирано и рамноправно општество. Еднаквоста би требало да е видлива во сите аспекти, како во семејството и општеството, така и на работното место.

„Јас се извлеков, да речеме, на време. Активно ја градев својата кариера, почнувајќи во Италија, па потоа во Хрватска. Дури околу својата 35-та година почувствував желба да се остварам како мајка и денеска сум неописливо среќна што тоа и го остварив. Но за тој чин потребен беше и татко на детето, имено без неговата желба и поддршка што ја добив можеби денес немаше да го имам остварено тој сон. Значи во мојот случај таа поддршка и рамноправност во врската беа неопходен фактор. Од деловна страна пак, се случи парадокс, кариерата која ми стана помалку важна сè повеќе и повеќе напредуваше. И покрај малото дете, но со безусловната поддршка од животниот партнер“, вели Даниела.

И наизглед се редат унапредувања, награди, пофалби, титули. Но ситуацијата е таква што по прашање на платата и бенефициите и ден денешен не сме еднакви. За истиот труд и истото постигнување мажот и денеска добива повеќе од жената. Дали жените се предаваат премногу брзо во борбата за исти права, дали се уморни од сите задачи, улоги и пречки кои се ставени пред нив? Веројатно постојат моменти кога секоја личност се поколебува во својата постојана борба, но постојат уште многу нешта што можеме да ги сториме, секој од нас, за да влијаеме врз промена во семејството, во својата непосредно окружување, во општеството, во заедницата, на работното место, итн.

Даниела барала одговори и аргументи за ваквите одлуки и постапки: „Секој пат од почеток им укажував на луѓето од мојот сектор за Човечки ресурси за прашањето на разлика во платите и бенефициите и одговорите што ги добивав беа неверојатно креативни со обид да ми ја оправдаат таквата пракса, но беше неуспешно. Сепак, за тоа денеска мислам дека самата сум одговорна, не мислам дека за тоа е виновен секторот за Човечки ресурси на компанијата, моите надредени, ситуацијата во фирмата или општо во општеството, туку дека јас самата дозволив мојата работа помалку да се цени, прифаќајќи ја послабата понуда. На некој начин, јас мојата моќ ја предавав на други, а тие пресудуваа, ете толку е просто!“

„Проблемот на еднаквост и стекнувањето на сила за жените е проблем на општеството, но само поединците може да го решат. Нееднаквоста која по својата дефиниција означува нерамноправни можности за мажите и жените да располагаат со различни ресурси во општествата моќ е проблематика која е вткаена илјадници години наназад во нашата цивилизација, таа се пренесува со верите, верувањата, воспитувањето, општественото опкружување, традицијата, и да не набројувам повеќе, не е лесна задача да се менува шаблонот на однесување на толку длабоко вкоренети општествени правила.

Единствен начин на делување е всушност поединецот да ја разбуди во себе желбата за промена (а промената е најтешкиот пат – статус кво е најлесниот). Добивањето сила треба да се гради во себе, како и вербата во сопствената вредност и способност и не треба да се губи сликата за сопствената вредност и стекнатата самодоверба кога се сретнуваме со грубата реалност. Проблемот настанува, како што споменав претходно, кога не сме свесни за моќта што ја имаме, кога не преговараме добро за себе затоа што не сфаќаме колку предност и знаење поседуваме, па погрешно мислиме дека не заслужуваме подобро. Ова е класичен проблем кај жените, а скоро и да не постои кај мажите.

СÈ може да се смени ако ја задржиме моќта и не ја предадеме на други за тие потоа да располагаат со нашите судбини“. е советот кој Даниела им го дава на сите.

И што понатаму? Како да се поставиме? Што може секој од нас да направи денес, тука, во овој момент? Околу нас се случуваат бројни мали придвижувања, иницијативи, гледаме дека кај многу луѓе се буди свеста и многу се зборува за родовата нееднаквост. Но постои друга димензија на сето тоа и пракса која е длабоко вткаена во нашето општество каде критичната маса сè уште верува дека жените се општествено, политички и финансиски инфериорни, и покрај тоа што сите имаме исти права.

„Охрабрувачки е тоа што мнозинството мажи и жени ширум светот веруваат во еднакви можности... но во исто време мнозинството уште верува дека правата не се вистински еднакви“, рече Кали Каур-Балаган, директор на Ипсос МОРИ кој спровел истражување по повод Меѓународниот дена на жените во 2016 година.

Според неговото истражување спроведено во 24 земји, меѓу кои и Бразил, Канада, Русија, Велика Британија, Индија и Шведска, повеќе од половина од испитаните лица се нарекле „феминисти“, а четвртина рекле дека се „плашат“ да се заложат за женските права.

На Светскиот економски форум е кажано, во неговиот индекс на родови разлики, од 2016 година во поглед на плаќање на мажите и жените, дека економска еднаквост нема да се постигне уште 170 години. Тоа е подолго од два просечни човечки животни векови. (Извор: Business insider)

Ја прашавме Даниела што мисли за тоа кои се долгорочните цели кои се потребни за сите да бидеме рамноправни?

„Тешко прашање. За жал мислам дека ни нашите деца нема да доживеат да видат рамноправен свет доколку не дојде до колективно будење, онакво какво што беше претходно споменато – задржување на сопствената моќ.

Како пример може да го земеме Исланд. Пред отприлика една година таму сите жени си заминале од работа во 14:38 часот за да укажат на разликата во плати помеѓу нив и мажите што на Исланд е некаде околу 14-18% пониска. Првата помисла: Леле, какво постигнување!, а веднаш потоа следи отрезнувањето. Истото ова за првпат е направено на Исланд во 1975 година и за 10 година јазот на нееднаквост се намалил за само неколку минути. Но дури и со тоа колективно дејствување и со нивниот релативно мал јаз во платите (14-18%) во Исланд ќе бидат потребни уште 52 години за да станат рамноправни. Уште ако на тоа го додадеме фактот дека генерално во скандинавските земји во рамки на четирите ѕида на своите домови, жените и мажите се прилично рамноправни во вршење на сите домашни обврски.

Заклучокот е дека нам ни е потребна сериозно реформа на наставниот план и програма, која би ја опфатила еднаквоста како составен дел од образовниот план. Без промени во начинот на кој се воспитуваат девојчињата и момчињата од мали нозе нема да има промени во општеството.

На пример, оваа пролет имав интересен разговор со една млада 21 годишна жена, одлична студентка на ФЕР и претприемничка и ја прашав дали денес има еднаков сооднос на студенти и студентки на ФЕР и таа ми потврди дека соодносот е некаде 60-40%. Потоа ме интересираше како на тие студии се гледа на сè поголемото присуство на понежниот пол, а одговорот беше интересен. Таа ми вели – од страна на професорите е супер, целосна поддршка и коректност. Од страна на машките колеги, во ситуации на тимски проекти девојките често ги третираат во стилот – супер, ќе има кој да вари кафе и да носи листови на фотокопирање. Признавам дека од тој одговор се почувствував непријатно, но ми се допадна тоа што таа млада жена во себе имаше моќ и воопшто не го зела тоа при срце, туку го отфрла како да е мала прашинка која ја тресе од себе.

Денес целиот свет се бори за нешто или против некого или нешто. Тие континуирани борби, како што и самиот збор кажува, нè прават агресивни, во расчекор со себе, со другите и со природата. За да живеат во еднаквост, луѓето треба да живеат во мир, согласност и толеранција (да не го користам зборот љубов во овој контекст), тогаш може да се изградат егалитарни општества фокусирани на добросостојбата на своите припадници без борби, натегања и игри на моќ.

Во моментите на чист оптимизам сакам да верувам дека колективното будење и напредување на општеството сепак е возможно“.

И за крај, Даниела ја сподели со нас пораката за сите млади луѓе (без оглед на полот). Совети за помош со кои ќе ја изградиме и задржиме сопствената моќ без да ја предадеме на други. Со нејзините бескрајно несебични и исклучително корисни совети го завршувам овој напис и се надевам дека секој поединец ќе се пронајде во овие зборови и ќе примени барем дел, за секој ден да се будиме во подобро утре и да бидеме чекор поблизу до општество за кое сонуваме во моментите на чист оптимизам.

Совет 1. Кажи „не“ кога одговорот треба да биде „не“. „Не“ значи „не“, а не „можеби“ ниту пак „да“.

Совет 2. Внимателно бирај ги зборовите кои ги користиш и зборувај со силен вокабулар. Избегнувај ги сите зборови кои ќе ја направат твојата порака послаба („само“..., „мислам“..., „верувам“..., „ми се чини“..., итн.)

Совет 3. Секогаш извинувај се, но само кога е потребно!

Совет 4. Откажи се од обидите на сите да им удоволиш, никогаш нема да успееш во тоа, а на тоа ќе потрошиш премногу енергија.

Совет 5. Не прифаќај недоволно почитување – како кај тебе дома така и на работното место.

Совет 6. Не обидувај се сè да направиш сама. Ти си суперхерој, но не мораш да му покажеш на целиот свет дека ти тоа го можеш.

Совет 7. Имај јасни цели и визии и не се откажувај од нив. Немањето цели ќе предизвика други да те водат низ животот.

Совет 8. Погрижи се ти да добиеш признание за твоите идеи и постигнувања, а не некој друг.

Совет 9. Преземи одговорност за себе и за своите животни одлуки, затоа на на крајот од краиштата ти си таму каде што си денес затоа што на токму тоа место си сакала да стигнеш со одлуките што си ги донела.

Текстот е изработен во рамки на проектот „Еднаква моќ“, кој го спроведуваат Институтот за комункациски студии и Институтот Изида Вита од Словенија, а е финансиран од Министерството за надвореши работи на Република Словенија.