fbpx

Жените само понекогаш се во „предност“

Жените само понекогаш се во „предност“

kopce1

Родовата нееднаквост е голем проблем во Македонија бидејќи високите раководни функции во компаниите и во државните институции се уште најчесто се резервирани за мажи додека за жените стануваат „нормални“ нископлатените професии или пак неплатената семејна работа. Нашиот објектив „улови“ неколку примери во Охрид и Скопје кои ја истакнуваат оваа негативна состојба.

  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-1
  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-2
  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-3
  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-1
  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-2
  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-3

Во Скопје и во Охрид на многу места се бараат само жени за работа како продавачки

Истражувањата покажуваат дека во многу случаи жените се помалку платени за 12 отсто од мажите за иста работа што претставува полова дискриминација односно родов јаз во платите кои штетно влијаат врз економијата. Според „Фајненс тинк“ намалување на родовиот јаз во платите за 10 процентни поени, во просек би придонело кон пораст на бруто домашниот производ повисок за околу 1 отсто на годишно ниво.

  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-4
  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-5
  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-6
  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-4
  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-5
  • Zenite-samo-ponekogas-se-vo-prednost-6

Вистинска реткост се огласите каде се бара женско или  машко лице за работа во салон за продажба на облека или накит

Од друга страна, полова дискриминација редовно може да се забележи во огласите за издавање соби и станови во кои сопствениците преферираат лица од женски пол, што покажува дека родовата нееднаквост, но и предрасудите од секаков вид непотребно го оптоваруваат секојдневието во нашата земја.

Zenite samo ponekogas se vo prednost 7Собите што се издаваат резервирано исклучиво за „женски особи“

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Фото-репортер: Томислав Георгиев
Новинар: Владимир Николоски