fbpx

Срце на победник

Бојан Трајковски, олимпиец.                          

aa Овие сребрени медали, гордо поставени на вратот на атлетот Бојан Трајковски, спортист на Специјалната олимпијада, се навидум детали, а суштински се трофеите што го направија огромниот пресврт во неговиот живот. До вчера ученик во Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, а од „денес“ шампион од Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија 2017.

aa2 Честитките за постигнатите успеси ги прима со едно суво „фала“, но треперењето на телото му ги издава чувствата што силно го обземаат. И нему му изгледа неверојатен постигнатиот резултат. Пред само два месеца беше почетник на скии. a10 Ски-чевли, жабици, везови, скии, штеки, кацига… Бојан сето тоа го облекуваше првпат. И тромавото почетничко движење со ски-опремата, само за тренерите Јован Јовановски и Аган Реџепагиќ значеше потенцијал за добар скијач. Тие го гледаа она што може да биде и така го храбреа Бојан. aa0 „Има добра моторика и пргав е. Има срце на победник, а тоа е најважно. Ќе имаме скијач и медал“ – веруваа уште од почетокот тренерите кои волонтерски, со сето свое академско знаење и скијачко искуство, влегоа во предизвикот ЗОИ на Специјална олимпијада. По тренинзите во Маврово и Боровец, Бојан дома се врати со став, „Ќе донесам медал од олимпијада“. И го стори тоа. Во текот на десет дена, двапати од Шладминг стигна таква вест. Прво сребро во Супер-Џи – супервелеслалом, а два дена подоцна и второто сребро во велеслалом. Во раскажувањето има доза на непомирување со едната секунда која му го пресудила второто место во Супер Џи: „Ми побегна златото, не го стигнав“ – им раскажува Бојан на своите другари од Специјалната олимпијада Македонија, Ѓоко, Давид и Јована. aaa7 И додека зборува, така ја одврзува кончената гривна и му ја дава на Давид, „Таа е за тебе, има и за Јована бидејќи ти е девојка, да имате спомен од мене. Ѓоко, за тебе подарокот ми е во ранец, на тренинг ќе ти го дадам. Вие сте ми најдобри другари и за вас се медалите“ – вели Бојан. Нивното другарство е цврсто и длабоко, наликува на олимписките кругови, бесконечно и безвременско, затоа што нема ниту почеток, ниту крај. Во недостаток на соодветен дневен центар или, пак, работно место според нивните перформанси, заеднички по вторпат го завршуваат средното училиште „Св. Наум Охридски“. aa10 А кругот на Бојан е со семејството на неговиот вујко Борче. Круг како симбол на заштита и сигурност, а најголемата поддршка му се бато Иле и дада Лидија. „Тие ми се сѐ. Ми недостасуваа во Австрија, ама најмногу ми недостсуваше малиот пинч, кој многу ме прави среќен“. aa18 Сјајот на очите го скрива со новите очила за сонце, спомен за успешно поминатата обука за вештачко дишење во Шладминг на Олимписките игри, по која нѐ уверува: „Сега знам да спасам човек“, не знаејќи дека неговите успеси и добрина секојдневно нѐ спасуваат сите нас, покажувајќи ни ја другата страна - дека кога се сака, сѐ се може. Автор: Ана Зафирова Фото: Томислав Георгиев Приказната е изработена од Институтот за комуникациски студии

Тагови: