fbpx

Живеjачка во „Хорор куќа“ додека чекаат социјален стан

Slika 1 Ново утро за осумгодишниот Лука од Куманово. Секој ден се буди со поглед во таванот, што секојдневно е се понизок и стигнува до средината на собата. Со сонливите очи не’ погледна, чудејќи се кои сме.

Slika 2 Неговиот татко објасни дека сме дошле да им помогнеме да добијат нов дом. Куќата има многу наследници, па затоа не смее да се урне стариот покрив и да се стави нов. Семејството бара социјален стан, но од институциите им рекле дека ќе мора да почекаат заради менувањето на власта. Многумина им помогнале со нов мебел. Шпоретот што го добиле како донација стои во дворот и чека нов дом. Slika 3 „Мене никој не ми отвора врата, секаде ми се затворени. Eдинствената отворена врата е од оваа распадната куќа, каде се’ крцка и тече и се плашам дека еден ден ќе завршиме под покривот“, вели Зоран. Slika 4 Лука живее со родители кои имаат лесен ментален хендикеп, исто како и неговите три сестри. Најсреќен е кога учи англиски јазик, раскажува мајка му. „Многу е вреден. Оди сам во училиште, чита додека има светло, па после нешто зборува на некој јазик, но јас не го разбирам. Не можеме ништо повеќе да направиме за Лука. Тоа е нашиот живот“, објаснува мајка му. Slika 5 Иако сонлив, Лука кажа по некој збор на англиски. Среќен е што е на распуст, но исплашен дека од дождовите покривот ќе падне врз него. Slika 6 Сестра му Андреја има 14 години и има ментален хендикеп. На Андреја единствена радост и е играта со домашната мачка. Ова семејство знае само за болест и немаштија. Магда, мајката е болна од астма и не може да ја носи ќерка си Андреја во училиште за посебни потреби, бидејќи треба два километри да оди пеш. Сопругот Зоран работи во комуналното претпријатие во Куманово и е единствениот кој носи леб дома. Семејството не добива помош за здравствената состојба на Андреја, бидејќи лицата со полесна ментална хендикепираност не можеле да добијат парична помош - им објасниле од Центарот за социјална работа во Куманово. Slika 7 Од четирите чеда на Зоран и Магда Маринковски дома беа само Андреја и Лука. Најстарата ќерка има 28 години и е мажена, а 21 годишната Марија е во кумановско Старо Нагоричане. Таму живее и работи на нивите кај роднини, за да има една уста помалку за хранење во домот на улицата „Сава Ковачевиќ“, во центарот на Куманово. Маринковски чекаат надлежните институции да им кажат кога може да конкурираат за социјален стан, а дотогаш нивните соседите овој дом ќе го нарекуваат „куќа од хорор филмовите“. Slika 8 Фотографија: Роберт Атанасовски Оваа содржина е изработена од Институтот за комуникациски студии во соработка со граѓанската организација Инклузива #СамоПрашај

Тагови: