fbpx

Третирани како мрзеливи, наместо како дислексичари

Нешто над 12% од учениците во Македонија се дислексичари или во одделение со 30 ученици, 3-4 деца имаат тешкотии со читање и разбирање на прочитаното, покажало итражувањето на Здружението за дисклексија „Ајншајн“. Особено загрижува фактот дека образовниот систем најчесто потфрла во детектирањето на дислексијата, а последиците најмногу ги чувствуваат учениците: наместо да добијат поддршка и посебна методологија за работа, тие се стигматизирани како мрзеливи и неодговорни кон училишните обврски. Искуството покажува дека родителите први ги препознаваат овие тешкотии, но наместо во училиштето, стручната помош ја бараат од дефектолози чии часови најчесто приватно ги плаќаат.

Министерството за образование и наука прави пионерски обиди за специјализирани обуки и едукативни ресурси за наставниот кадар. 

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и со родители на деца-дислексичари
Новинар: Милка Смилевска

Watch the video

Третирани како мрзеливи, наместо како дислексичари

kopce1