За нас

За нас

Онлајн платформата #СамоПрашај овозможува директно да се вклучиш во дебатата за прашања од јавен интерес, објавувајќи медиумски и комуникациски производи и ресурси кои имаат за цел да информираат и да едуцираат.

#СамоПрашај е платформа за размена на идеи и мислења поврзани со јавните политики. Преку интерактивните алатки на оваа веб страница и нејзините социјални медиуми можеш да прашаш и да коментираш за општествените проблеми кои те засегаат и да добиеш релевантни одговори и решенија од граѓанските организации кои ќе бидат засновани на темелни анализи и истражувања.

#СамоПрашај редовно информира за различни општествени теми, претставувајќи и споделувајќи ги резултатите од работата на граѓанскиот сектор во повеќе области: изборни реформи, образование, здравство и квалитет на живот, различности и социјална кохезија, реформи во судството и владеење на правото, младински прашања, човекови права и борба против дискриминацијата. За да ги продлабочиш своите знаења во овие области, онлајн платформата нуди и едукативни ресурси кои се лесно разбирливи и достапни. Дополнително, материјалите кои ги објавуваме можат да им послужат на останатите веб портали и традиционалните медиуми за изработка на нови новинарски продукти и длабински анализи за прашања од јавен интерес.

На овој начин, #СамоПрашај сака да создаде широка мрежа составена од граѓани, граѓански организации, креатори на јавното мислење и новинари кои преку взаемна интеракција ќе можат да придонесат за изнаоѓање иновативни пристапи и решенија за подобрување на состојбата во определена општествена сфера.

Онлајн платформата #СамоПрашај е изработена во рамките на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на граѓанските организации во Македонија“, кој го реализира Институтот за комуникациски студии и е финансиран од Британската амбасада во Скопје.