Две децении неуспешно реформирање на образовниот систем, и Албанците стагнираат во место

Две децении неуспешно реформирање на образовниот систем, и Албанците стагнираат во место

kopce1

Финансиската дискриминација кон албанските училишта, недостигот од паралелки и нивната пренатрупаност, големиот број јазични и контекстуални грешки во учебниците и мешањето на политиката при изборот на наставничкиот кадар се само дел од проблемите со кои од независноста на Македонија се соочува образованието на албански јазик. Дводецениските реформи не ги постигнаа потребните резултати, законите се ретроградни додека учениците и наставниците-Албанци оценуваат дека образовниот систем не е погоден за нив.

Според едно истражување на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Албанците, кои се процентуално најмногубројни споредено со останатите малцинства во Македонија, оценуваат дека образовниот систем не е погоден, или дека е лош за нив. Според спроведената анкета, 20,7% Албанци велат дека образованието во Македонија има потреба за сериозни реформи, додека само 10,2% од Македонците и другите етникуми оценуваат дека образованието не е квалитетно.

Според поранешниот министер за образование и наука, Сулејман Рушити, реформите во образование се спроведуваат произволно, за партиски потреби и во корист на дневните политики.

Сулејман РушитиЗемајќи предвид дека образованието на албански јазик наследи неповолна состојба уште од времето на поранешна Југославија, дека се соочи со екстремна нетрпеливост и со мајоризација, образованието на албански е најпогодено од задушувањето на државата. Сѐ уште имаме основни училишта со средновековни услови, албанските ученици сѐ уште се принудувани да учат македонски, тетовскиот државен универзитет се дискриминира финансиски, а продолжува и фарсата со универзитетот Мајка Тереза. Образованието треба да се постави на колосек со национална стратегија што треба да биде компатибилна со европските случувања“, оценува Рушити.

Ветеранот во образованието на албански јазик во Македонија, Авзи Мустафа, оценува дека во Македонија прашањето на образованието не се гледа со голема посветеност и мотивација, туку со закони и насилство.

Сите закони што се усвоени и се усвојуваат, со кои наводно се вршат Aвзи Мустафаизмени, нè доведоа во состојба да не знаеме да го најдеме вистинскиот пат за излез од овој ќор-сокак што со децении е присутен во Македонија. По сè изгледа тука се одржува некаков натпревар за тоа секој министер што доаѓа во овој ресор да донесе нешто свое, а во суштина само се потопуваат себеси, а и образованието, сѐ подлабоко и подлабоко во бездната на пеколот. Оваа држава не се чувствува виновна за уништувањето на образованието, а тоа го ставаат на знаење со тоа што носат неписмени луѓе со дипломи, сурогати што талкаат по партиските штабови. Со овие закони, тие луѓе од власта глумат дека наводно треба да ги решат проблемите, но на сите им е јасно дека говорат на еден друг јазик, на јазикот на бизнисот. Со законите донесени без анализа, без рокови и без да се најдат соодветни патишта, не може да се дојде до посакуваните и потребни резултати. Често се случува во нашето образование да се усвојуваат закони набрзина, без отворен и конструктивен дијалог и без аргументирана дебата на сите учесници, наставниците, професорите, родителите, учениците или студентите“, оценува Мустафа.

Прв проблем, особено во албанските рурални зони, се училишните објекти. Дискутабилен е и квалитетот на наставниот кадар, бидејќи вработувањето сè почесто се врши преку партиски врски, а за ова треба да функционира Заводот за вработување, кој треба да ја направи селекцијата и распоредувањето на кадрите по училиштата.

Ајтене ЌамилиИ наставните планови и програми имаат недостатоци и пропусти. И тие треба да се поправат врз основа на досегашните емпириски искуства. Според мене, неунифицираните учебници се проблем, затоа што произведуваат кадри со различни знаења. Предлагам тие да се унифицираат и да се изврши нивна лектура и уредување, и тоа не само во однос на јазикот, туку и на содржината, работа што треба да ја извршат одговорни професионалци, а не само формално. Како важен проблем го гледам и тоа што се дозволува сите ученици да се запишат во средно училиште, без оглед на способностите и вештините што секој од нив ги има. Мислам дека учениците треба да се класификуваат според успехот, вештините и способностите што ги имаат во соодветни профили, и за тоа треба да се зголеми бројот на насоките за занаетчиство и ракотворби во средните училишта, за да не дојде до хиперпродукција на неколку профили, а од друга страна да има недостиг од кадри од други профили“, оценува универзитетската професорка Ајтене Ќамили.

Новинарката што веќе подолго време се занимава со прашањето на образованието на албански јазик во Македонија, Лаура Папранику, вели дека образованието воопшто страда од недостиг од вистински и значајни реформи, а уште пообременето со проблеми е образованието на албански јазик.

Дискриминаторските политики, за жал, сѐ уште не се завршени и за ова Лаура Папраникуговори дисбалансот во училишните објекти, недостигот од паралелки на албански и негирањето на правото за образование на мајчин јазик (само во Скопје не се дозволува формирање паралелки од шесто одделение во Идризово, не се обезбедуваат наставници-Албанци во Ѓорче Петров, во Карпош се учи како во средниот век, а да не зборуваме за Битола, каде сѐ уште не е формирана паралелка на албански јазик во средните училишта, или во гимназијата во Велес, каде што имаат само еден професор-Албанец...). И таму каде што можеби дискриминаторската политика наизглед се чинела помала, на пример во Дебар, не е така.

За објектот на гимназијата што се отвори лани во септември, Министерството за образование не додели ниту еден денар. За условите во училиштата, сликата не е само црно-бела. Сепак, најголем дел преоптоварени училишта, со по 2.000, па и 3.000 ученици, гравитираат кај Албанците. Во Куманово сѐ уште има училишта на албански што се зависни од училиштата на македонски, иако имаат поголем број ученици од матичните училишта“, вели Папранику.

Од друга страна, државниот советник Сафет Незири вели дека нашиот образовен систем веќе подолго време се наоѓа на крстопат што се однесува до квалитетните реформи и до нашата ориентација за позитивни реформски вредности.

Сафет НезириМногубројните реформи честопати им штетеа на педагошките и образовните процеси. Неретко најпогодени биле училиштата и паралелките со албански наставен јазик поради недостиг од услови за спроведување на овие реформи (голем број ученици во паралелките, недостиг од доволен простор, недостиг од дидактичко-педагошки средства). Доколку говориме за условите под кои се изведува воспитнообразовниот процес, сè е релативно. Населените места имаат разлики меѓу себе, дури и во рамките на иста општина има разлики што се однесува на развојот на образованието, а да не зборуваме пошироко. Ова особено е изразено во образовниот процес на албански јазик, бидејќи таму наставата за разлика од 'останатите', се одвива со големи потешкотии бидејќи бројот на учениците во една паралелка е над 30, за разлика од училиштата со наставен јазик на македонски, турски, бошњачки и српски... каде што бројот е многу помал, и таму оваа бројка се движи и на помалку од 20 ученици во една паралелка. Како резултат на овие бројки доаѓа до израз квалитетот и резултатите од работата. Исто така, доаѓаат до израз и староста и амортизацијата на дидактичките средства и алатки, недостигот од лаборатории, кабинети за практична настава како и недостигот од учебници за некои стручни предмети... Сите овие и многу други фактори влијаат во формирањето оптимални услови за квалитетно образование“, оценува Незири.

Што велат наставниците и професорите?

Проблемите на образованието на албански, во сите градови каде што има ученици-Албанци, продолжуваат со проблемите со институциите, просторот или објектите, социјално-економските, како и проблеми со стручниот наставен кадар. Слабата економија не може да стимулира квалитетно образование, додека потребите на пазарот на труд не воопшто се совпаѓаат со образованието, кое е соодветно на новиот век.

Не говориме само за концептуалното прашање бидејќи и македонската страна го има истиот концепт, но кај нас тоа е нешто друго. Со години замислувавме некој виновник. Порано за дискриминацијата ја обвинувавме државата, бидејќи имавме пренатрупани паралелки во училиштата. Според Државниот завод за статистика, има околу 7.000 паралелки на македонски јазик, а 3.500 на албански јазик, значи еден спрема два. Од друга страна во Скопје, образованието има три средни училишта што се раководат од директори-Албанци, две училишта во кои наставата се спроведува само на албански јазик и едно училиште со настава на двата јазика, албански/македонски јазик, а пак во 23 училишта во градот Скопје има многу мал број албански паралелки, едно, две, три или четири, кои исто така не се дури ни добро организирани. Значи, недостига организирање. Кај македонската страна постојат паралелки што се формираат дури и со само 19 ученици, а кај нас истите се пренатрупани. Според развојниот план, од концептуален аспект, кога говориме за државно ниво, во стручните средни училишта немаме кадар и тој недостиг од кадар се обидуваме да го надоместиме со лица што зборуваат албански, а не се соодветни за одреден предмет. Кога министерството не е во можност да најде решение за фундаменталните проблеми на Албанците, тоа е нивна вина“, вели Абил Бауш, заменик-директор на средното училиште во Скопје „Зеф Луш Марку“.

Според професорот во техничкото средно училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, образованието на албански е рефлексија на политичкиот систем што преовладува во земјата.

Имаме хиперпроизводство на дипломирани во социјалните области и дијаметрално премалку дипломирани лица во техничките науки. Од друга страна, основното образование, а посебно средното, страдаат во приспособувањето со новото време, така што визуелните и практичните методи сè уште се далечни за нашите ученици. Задолжителното средно образование и покрај очигледните слабости, треба суштински да се реформира обезбедувајќи повеќе простор за практичното знаење од денешницата. Ѝ се враќаме на политиката. Средствата наменети за образование не се делат на пропорционален начин, туку врз основа на просторот што е дел од тие училишта. Овој начин системски, во Куманово на пример, ги дискриминира учениците Албанци, наспроти учениците-Македонци. Можам да дадам и конкретни примери, но нека биде ова само еден детаљ за опишување. Во училиштето „Наце Буѓони“ во Куманово има 1.100 ученици-Албанци и 950 Македонци. Но просторот за македонскиот дел е повеќекратно поголем од просторот на делот во кој наставата се спроведува на албански јазик. Следствено на тоа, и средствата што им се наменуваат се повеќекратно поголеми. Ова е класична системска дискриминација. И во другите училишта постојат слични проблеми, нешто што Министерството за образование може да го реши многу брзо, се разбира доколку постои политичка волја“, вели Салиу.

Наставникот од основното училиште „Истикбал“ во Тетово Имерја Адеми смета дека образованието на албански јазик во Македонија се соочува со големи проблеми поаѓајќи од училишните објекти, учебниците, разните наставни средства и многу други проблеми.

Ако зборуваме за основните училишта во Тетово, постојат многу проблеми, училиштата се соочуваат со недостиг од училници, лабораториски простории итн. Учениците и ден денес учат во подруми во кои се соочуваат со високо ниво влага и тесни простории што се под секој стандард. Инвентарот во училниците (клупите, столовите) се истите од пред 50 години. Ова не се забележува во македонските училишта. Поделбата на гимназијата во Тетово на два субјекта е многу голема грешка, бидејќи ова не е перманентно решение. Од друга страна, во Македонија има многу македонски општини, неколку пати помали од општината на Тетово во кои се основани средни училишта, кои не ги исполнуваат условите за основање средни училишта бидејќи имаат помалку од 16 паралелки за четири години, нешто што е спротивно на Законот за основање средни училишта. Јас мислам дека Министерството за образование, било министрите да се Албанци или Македонци, не дејствувало на еднаков начин со училиштата со настава на албански јазик, како што е случајот со училиштата во кои наставата се одржува на македонски јазик“, вели Адеми.

Наставничката од основното училиште „Пенестиа“ во Дебар, Валбона Јани, смета дека реформите во образованието се спроведени со добра цел, но според неа, тие што ги спроведувале, заборавиле дека за тие реформи нема услови.

Валбона ЈаниМислам на условите, бидејќи училиштата не се реновирани, немаме средства за овие реформи, наставниците од свој џеб даваат пари за тоалетна хартија и за експериментите што се бараат од нас. Мислам дека државата кога спроведува реформи, за тоа треба да ги извести наставниците барем две-три години порано или да ги снабди со ресурси и знаења за овие реформи. Проблемот е и тоа што кај нас децата се снабдуваат со учебници на крајот на учебната година или пак половина од нив имаат, а другата половина немаат работни тетратки. Што мислите вие, како да ги поделиме учениците, ова се случува кај албанските паралелки. Јас како наставник немам некое дополнително упатство за одржување на настава, сметам дека тоа е суштинско. Преводот на учебниците е преполн со грешки, зошто да го немаме истиот буквар што го користат во Албанија и Косово? Електронскиот дневник сметам дека е бесмислен, само што нè претвори во административци, по цел ден пишуваме наместо да се занимаваме со учениците“, вели Јани.

Според наставничката од основното училиште „Герг Кастриоти Скендербег“ во кичевското село Србица Арзије Џелили, образованието на албански јазик во Македонија се соочува со многу проблеми, поаѓајќи од учебниците, па сѐ до реформите, кои, според неа, не се соодветни.

Првин се соочуваме со проблемите со учебниците, имаат многу грешки. На пример, учебникот за предметот по општество нема никаква врска со албанскиот јазик, сè што се учи е од Македонците. Грешките може да се забележат како од аспект на правописот, така и од контекстуален поглед, притоа искривувајќи ги и фактите. Треба да се укинат и екстерното и интерното тестирање. Не може за еден ден или 60 минути да се оцени еден ученик. Ние ги оценуваме во текот на целата година, а тие ги оценуваат за 60 минути. Освен тоа, и прашањата се преполни со грешки. Дури има прашања на македонски што немаат никаква врска со прашањата на албански јазик. Кембриџ-програмите се катастрофа, бидејќи никако не се совпаѓаат со материјалот. На пример, првоодделенците треба да знаат да пишуваат, да бројат до 100, значи уште од првиот ден почнуваме со лекции за математика, албански јазик... Тие учебници не соодветствуваат со нивото на учениците. Административното прашање во однос на електронскиот дневник не е во ред бидејќи ни претставува преголемо оптоварување, а е многу позитивно во поглед на информирање на родителите. Верувам дека треба да има дневник, значи редовниот да се отстрани од употреба и да остане само електронскиот“, смета Џелили.

Што велат учениците?

Претседателот на Сојузот на учениците-Албанци (СУА) и ученик во средното училиште „Арсениј Јовков“ – Скопје Амар Реџепи вели дека актуелните проблеми со кои се соочува наставата на албански јазик се од истата природа на проблеми што постоеле цело време, уште од независноста на Македонија.

И ден денес имаме недостиг од литература или учебници на албански Амар Реџепијазик, а да не говориме дека и тие малку што ги имаме се преполни со грешки. Потоа, високото образование постојано е дискриминирано со законите што актуелната власт навидум ги усвојува во корист на овој образовен сегмент. На пример, очигледна е дискриминацијата што се врши во однос на финансирањето на Државниот универзитет во Тетово. Предност за вработување имаат тие што имаат завршено високо образование во македонските универзитети. Очигледни се и проблемите со условите во кои се изведува образованието на албански јазик: недостигот од простор, недостигот од квалитетни кадри... од елементарни услови за одвивање на наставниот процес. Сметам дека потребата од развој на образованието на албански јазик бара повеќе дела отколку зборови“, вели Реџепи.

Ајлин Малиќи од гимназијата во Струга „Ибрахим Темо“ смета дека има серија проблеми со кои тие се соочуваат како ученици, почнувајќи од екстерното тестирање.

Ајлин МалиќиПостојат многу проблеми, меѓутоа би почнала од екстерното тестирање, државната матура и недостигот од ресурсите за практична настава. Условите во кои се одвива наставниот процес во училиштата во Македонија не се соодветни, нема лаборатории за физика и хемија, а освен тоа недостигаат и голем број учебници“, вели Малиќи.

Ученикот, Ариф Лимани, од средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, медицинска насока, вели дека ги немаат сите етнички заедници во Македонија истите услови.

Сериозен проблем е прашањето со објектите во кои се одвива Ариф Лиманинаставниот процес, особено насоката по медицина, каде што учиме во таканаречени ‘бараки’, во многу мали простории во споредба на бројот на учениците. И наспроти празните ветувања за преместување на друга локација, сѐ уште нема никаков резултат од тоа. Потоа можам да зборувам за недостиг од спортски сали, што каде учениците можат да ги одржуваат своите спортски активности. Спортот навистина е половина здравје, но за жал, ние немаме каде да го спроведуваме тоа. Немаме соодветни библиотеки и читални, немаме библиотекар. За учебниците да не правиме муабет. Многу, многу други проблеми...”, вели Лимани.

Суад Бајрами, новинар на Порталб