fbpx

Прирачник за оданочување на невладиниот сектор

odanocuvanje nevladin sektor priracnikЗа разлика од профитните субјекти, здруженијата на граѓани и фондациите примерно не се основани за вршење на стопанска дејност од која ќе остваруваат профит. Тие спроведуваат активности во делот на граѓанското општество, развојот на демократијата, еднаквоста, едукацијата, животната средина, инклузивоста,... кои генерално се финансираат од грантови, односно проектно. Актуелните закони за данокот на добивка и за персоналниот данок на доход не ги апсолвираат ваквите специфики на непрофитните субјекти и ги третираат на ист начин како и профитниот сектор. Даноците, даночната постапка и инспекцискиот надзор се предмет на широка елаборација во овој Прирачник за оданочување на граѓанскиот сектор – процедури, права и обврски.

Прирачникот е изготвен од агенцијата Про Агенс во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на граѓанските организации во Македонија“ како посебна активност „Оданочување на невладиниот сектор – процедури, права и обврски”. Проектот е финансистан од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

Тагови: