fbpx

Пет начини како набрзина да ги потврдиме информациите во врска со коронавирусот на интернет

Вестите за овој вирус се насекаде: на Viber, на Twitter и тие се првата ударна вест кога и да отвориме. Еве пет нешта со кои набрзина ќе можеме да ја провериме содржината на интернет пред да ја споделиме понатаму.

Новиот коронавирус се рашири во повеќе од 60 држави, заедно со својот мрачен роднина: лажните вести во врска со болеста, како се шири и како можеме да се заштитиме.

Светската здравствена организација (СЗО) ова го нарече „инфодемија“ со оглед на фактот дека неточните или погрешни информации се шират побрзо од вирусот. Без разлика дали станува збор за надрилекари кои „туркаат“ лажни „лекови“, или теории на заговор дека целта е да се поткопаат несаканите влади, лажни симптоми или смешни мемеа, тие сите заедно создаваат една средина во која е тешко да се поверува на сè што ќе го видиме на интернет, и само придонесуваат кон глобалната паника и анксиозност во врска со овој проблем.

Да бидеме искрени, стигмата е поопасна отколку самиот вирус”, изјави генералниот директор на СЗО, д-р. Тедрос Адханом Гебрејесус.

Кога ќе видиме содржини на интернет кои предизвикуваат силни емотивни реакции (како што се паника или страв), случајно ќе споделиме работи без притоа да помислиме и да провериме дали се точни или не.

Оние кои ги шират овие дезинформации ја искористуваат токму ваквата слабост и создаваат содржини кои се точно наменети да споделуваме приказни кои создаваат паника, реакции или постови кои доведуваат до лутина, да споделуваме среќни слики и секакви други работи.

Сепак, ние заеднички можеме да се бориме со болеста наречена информации. Ова се пет работи кои набрзина можеме да ги направиме преку интернет пред да споделиме.

Некои од приказните звучат премногу добро за да бидат вистинити

Неточните и погрешно наведувачки приказни се шират како пожар затоа што луѓето се тие кои ги споделуваат. Лагите знаат да бидат многу попривлечни отколку вистината.

Група истражувачи на MIT во 2018 година констатираа дека приказните кои иницираат емотивна реакција се споделуваат многу повеќе отколку директните вести. Згора на тоа, научниците кои го проучуваат мозокот имаат потврдено дека е многу поверојатно дека ќе запаметиме приказни кои нè лутат, нè растажуваат или ќе нè насмеат.

Во месец февруари, еден пар од Австрија беа ставени во карантин на крузер на брегот на Јапонија. Објавуваа на Facebook и еден ден објавија дека нарачале вино со дрон. Новинарите почнаа да ја објавуваат оваа приказна а луѓето ја споделуваа. Парот потоа призна дека тоа објавиле како шега за своите пријатели.

Ова можеби делува безначајно, но споделувањето на лажни тврдења без притоа воопшто да се размисли за нив може целосно да ја поткопа довербата. За новинарите и уредниците, ако читателите не ви веруваат за мали работи, како очекувате да ви веруваат за големи работи?

Совети:

  • Ако приказната звучи премногу добро за да биде вистинита, ако е многу смешна, многу слатка, многу неверојатно, тогаш навистина е таква. Проверете го изворот пред да објавите.
  • Не заборавајте дека и новинарите можат „да се фатат на јадица“ – тоа што некој познат медиум ја објавил приказната не значи дека претходно ја провериле.
  • За повеќе интернет страници и алатки со кои можеме да ја провериме содржината на интернет, види нашата алатка за верификација и нашиот Водич за проверка на информациите преку интернет. 

Да не заборавиме – не сите истражувања имаат иста тежина

Само поради фактот дека некој има табела или графикон закачено на ѕидот зад него, не значи дека бројките се навистина такви или дека се тоа научно поткрепени факти.

Агенцијата Ројтерс разгледува повеќе научни студии во врска со коронавирусот кои беа објавени од почетокот на епидемијата. Од вкупно 153 вакви студии, 92 не беа проверени од колеги а други содржеа многу чудни и неверојатни тврдења, како што се доведување во врска на коронавирусот со ХИВ или дека се пренесува од змии на луѓе.

Овој проблем со „избрзаната наука“, како што беше наречена од Ројтерс, е дека луѓето можат да испаничат или да донесат погрешни одлуки пред овие податоци да бидат соодветно истражени.

Во таа смисла, ако видите табела, графикон, статистички податоци или било какви други бројки во врска со Covid-19, запрашајте се следново:

Совети:

Проверувајте ги сликите со резерзно пребарување на интернет (reverse image search)

Сликата вреди илјада зборови, а во случајов со дезинформации таа може да вреди илјада лаги. Еден од најчестите видови на дезинформирање се сликите кои се појавуваат во различен контекст: вистински фотографии или видео снимки кои воопшто не биле уредувани се нештата кои се споделуваат за да одговараат на наративот.

Некои од најчесто споделуваните фотографии од пожарите во Амазон во 2019 година беа застарени и немаа никаква врска со тие пожари а некои од најновите мапи на кои се прикажува ширењето на COVID-19 наведуваат на погрешно мислење.

Сепак, со само неколку кликови, можеме да ги провериме овие слики кои се споделуваат на интернет и во групите за испраќање пораки.

На ист начин како што можете да проверувате факти и тврдења на Google, така можете да побарајте од Google да побара слични фотографии па дури и мапи на интернет, за да видиме дали истите биле претходно користени за други слики. Ова се нарекува обратно пребарување на слики и може да се користи на Google, Bing, на руската интернет страница Yandex, на кинеската Baidu и на еден куп други бази на податоци.

На пример, во 2014 година Ројтерс објави слика од уметнички проект во Франкфурт, Германија, која прикажува луѓе како лежат на улица во знак на сеќавање на жртвите на концентрационите логори од страна на Нацистите.

Во месец јануари 2020 година, објави на Facebook беа споделувани илјадници пати со истата таа фотографија кои лажни тврдеа дека тоа се луѓе – жртви на коронавирусот како паѓаат на улица во Кина.

Една брза проверка на архитектурата покажа дека фотографијата е направена некаде во Европа. Ако ја земеме фотографијата, ако направиме обратно пребарување на интернет и ако видиме каде претходно била објавувана, ќе видиме дека тоа било во 2014 година.

Целата оваа постапка траеше неколку секунди, но важно е да не заборавиме постојано да проверуваме секогаш кога ќе видиме нешто шокантно или изненадувачко.

Алатки

  • На компјутер: го препорачуваме RevEye’s Plugin за пребарување на фотографии кои се на интернет без да мора да го затвораме браузерот.
  • На телефон: Ако некоја сомнителна приказна била споделена на Viber или на некоја друга апликација, можеме да го користиме TinEye на мобилните телефони за да го направиме тоа истото.

Проверувајте ги видеата со користење на кадри и InViD

Не се шири само коронавирусот, туку и лажните видеа. Ова смртоносно видео кое нема звук тврди дека термалните камери кои се користат за мониторинг на евентуалните пациенти со коронавирус можат да ги снимат луѓето како „испуштаат гасови“.

Но, со обратно пребарување на кадри од видеото констатираме дека оригиналот е видео направено за смеа, и тоа од 2016 година, направено од интернет групата која се нарекува Banana Factory а која компјутерски ги има додадено тие „облаци“ кои можат да се забележат, пред истото да се сподели на интернет страници како што се LadBible и Reddit.

Ќе се запрашате, па кој е проблемот ако луѓето споделуваат вакви смешни видеа? Нашата доверба во медиумите и во информациите кои ги има на интернет е од суштинска важност за демократијата. Ако луѓето мислат дека сè што ќе видат на интернет е лажно, тогаш е многу потешко да ги натерате да веруваат во нешто што навистина е така. Дури и ако темата е едно обично „испуштање гасови“.

Низ целиот свет, лицата кои ги проверуваат фактите ги проверуваа и видеата кои погрешно тврдат дека ги покажуваат симптомите или ефектот од коронавирусот – се констатира дека сè се тоа стари видеа, само што се споделуваат со нови наслови. Како што кажа и генералниот директор на СЗО, ваквото заплашување може да има значително поопасно влијание во светски размери отколку самата болест, затоа што предизвикува паника и ги одвлекува ресурсите кои инаку би било подобро да се користат за справување со вистинските проблеми.

Пред да го споделите тоа видео во разните групи каде сте член, тројно проверете да нè ве доведуваат во заблуда.

Со користење на обратното пребарување на интернет, можете да снимите неколку кадри од било кое видео и да проверите дали истото е веќе претходно објавено на интернет.

Алатки

  • Amnesty International има изготвено алатка која автоматски снима кадри од видеа на YouTube videos и дава и други корисни информации.
  • Плагинот за верификацијата на видео снимки на InVid има некои мошне ефикасни алатки за проверка на слики и видеа, а би го спомнале и делот „Classroom” кој е полн со туторијали и корисни работи.

Сите ние заеднички можеме да се избориме со дезинформациите, а ако сте во потрага по квалитени видео содржини кои се однесуваат на „испуштање гасови“, проверете ја оваа прекрасна машина на Адам Севиџ од Mythbusters.

Користете геолокација за да утврдите каде е направена фотографијата или видеото

Една од најдобрите алатки за забележување на дезинформациите се токму нашите очи. Со вештини на набљудување и со малку пребарување на интернет, можеме набрзина да констатираме од каде потекнува фотографијата.

Има еден твит на Њујорк Пост кој се однесува на првиот потврден случај на коронавирус на Менхетен. Американската сенаторка Алесандра Бјаџи која ја претставува таа област, веднаш посочи на фотографија на која е прикажан Азијат во делот Квинс на Њујорк.

Но како да провериме кој е во право?

Можеме да видиме какви се знаците и натписите на продавниците на фотографијата за да го најдеме истото тоа место на карта. Пребарајте со „Duane Reade Main Street New York Queens“ и ќе ви даде три опции.

Во Google Maps, малото жолто човече можеме да го спуштиме на улица за да добиеме streetview и да ги видиме истите згради кои се на фотографијата.

Совети:

  • Водич нека ви бидат факти како што се архитектурата, на кој јазик се напишани знаците, како се облечени луѓето, на која страна се вози, имиња на фирми, итн.
  • Што можеме да пребаруваме и да потврдиме? Дали можеме да го најдеме истото тоа место на мапа?
  • Вашите вештини на опсервација можете да ги испробате со нашиот интерактивен предизвик. Ако сте професионалец, пробајте го нашиот напреден предизвик за геолокација.

Размислете пред да споделите

Пет начини набрзина да провериме информации во врска со коронавирусот преку интернет

1. Ако приказната звучи премногу добро за да биде вистина, најверојатно не е вистинита

Неточни и погрешни приказни се шират како пожар, затоа што лагите најчесто се попривлечни од вистината

2. Користете обратно пребарување на слики за нивна проверка

Вистински фотографии кои не биле уредувани се предмет на споделување за да одговараат на наративот и да шират погрешни информации.

3. Користете кадри (thumbnails) за проверка на видеата

Со користење на обратното пребарување на слики, можеме да извадиме неколку кадри од било кое видео и да провериме дали претходно било објавувано на интернет.

4. Да не заборавиме – не сите истражувања имаат иста тежина

Секогаш проверувајте со официјални извори. Само поради фактот дека некој има табела или графикон закачено на ѕидот зад него, не значи дека бројките се вистините.

5. Користете геолокација за двојна проверка на локациите

Преку опсервација и со малку пребарување на интернет, можеме веднаш да провериме каде е направена фотографијата или видеото.

Исто како што сите ние имаме улога да го спречиме ширењето на вистинскиот вирус, исто така има и одговорност да не споделуваме лажни информации со пријателите и семејството, притоа создавајќи непотребни грижи или паника.

Размислете пред да споделите и запаметете ги овие совети за проверка на информациите. Некогаш и желбата да се направиме нешто што ќе нè насмее не вреди ако тоа би предизвикало дополнителни проблеми.

Текстот е преземен од First Draft

Линк до оригиналниот текст: https://firstdraftnews.org/latest/5-tips-ways-we-can-all-covid19-check-coronavirus-information-online-fake-disinformation-misinformation/

Тагови: