Затворите имаат подобри хигиенски услови од некои училишта во велешко

Училишни згради стари и повеќе од 60 години, коишто тешко се затоплуваат од печки на дрва затекнавме во руралните средини во околината на Велес. Во некои од нив, тоалетите се во очајна состојба, се наоѓаат во дворот и немаат вода. Поради недостиг од ресурси, наставниците се принудени да импровизираат за да ја исполнат наставната програма. Во вакви услови се отвора прашањето од каде треба да почнат реформите во образованието.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинар: Владимир Тевчев
Снимател: Иван Камчев

Прочитајте ја целата сторија: „Реформите во образованието треба да почнат од училишните тоалети“

Тагови: