Источниот плански регион ги очекува податоците од пописот за да може да креира нови развојни политики кои се разбира, зависат од бројот на населението. За последните осум години во овој крај се иселиле околу 5.500 жители.
Репортажата како живеат, што прават жителите на селата Жиганци и Крупиште во општина Чешиново-Облешево ја изработи ТВ Телма во соработка со онлајн платформата „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Викторија Јовановска
Снимател: Трајче Миланов
Монтажер : Борче Крстевски