На неполни пет месеци до пописот, земјава сè уште нема Закон за попис. Предлогот законот е во собраниска процедура, но сериозно доцни и покрај притисоците на стручните лица дека треба итно да се донеси, бидејќи од тоа зависи и финансирањето, обуката на попишувачите и многу други детали. Ако се усвои предлогот, податоците ќе се прибираат и електронски и со посети во домовите. Во официјалната статистика ќе влезат само граѓаните кои живеат тука и оние кои се иселиле пред помалку од една година. Ќе се евидентира и дијаспората, но само за да се соберат податоци колку податоци колку ја има.
Прилогот го изработи ТВ Телма во соработка со онлајн платформата „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Билјана Николовска
Монтажер: Борче Крстевски
Снимател: Игор Јанковски