Како научна фантастика во скопските основни училишта звучи исполнувањето на новите нормативи и стандарди поставени од Владата кои меѓудругото предвидуваат употреба на смарт табли и ЛЦД проектори во наставата. Во моментов, училиштата, коишто важат за најдобри, располагаат со буџети коишто се доволни за плати на наставниците и да се „закрпи“ годината. Скопските општини признаваат дека училиштата само делумно ги задоволуваат новите правила. Истражувањето од терен покажува дека ќе бидат потребни сериозни инвестиции за да се исполни зацртаното на хартија
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии
Новинар: Мартин Пушевски
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажа: Ристо Душковски