fbpx

Не им е лесно на учениците од Непроштено и Селце

Греалките немаат сила да го совладаат студот во училиштето „Екрем Чабеј“ во селото Непроштено во тетовско. Во училиштето само распоредот на учениците по клупите е по протокол, оној за заштита од Ковид – 19. Се‘ останато е надвор од сите нормативи и стандарди. Слична е состојбата и во училиштето во селото Селце. Учениците се описменуваат во барака стара речиси седум децении. За физиолошка потреба тие се принудени да трчаат во друг објект бидејќи во бараката нема тоалет. Искусни наставници велат дека тешко е да се зборува за нова концепција во образованието при недостиг од основни услови за настава.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинарка: Наташа Јанчиќ
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Ристо Душковски

Прочитајте ја целата сторија: „Реформите во образованието треба да почнат од училишните тоалети“

Watch the video