fbpx

Градоначалникот Саша Богдановиќ објаснуваше зошто се издаваат одобренија за градење сред мораториум во општина Центар

Ден по објавувањето на новинарската приказна на Само прашај, Саша Богдановиќ, градоначалникот на општина Центар, појасни зошто општината издава одобренија за градба иако има мораториум од крајот на 2017 до крајот на 2018 година.


Дел од изјавата на градоначалникот Саша Богдановиќ на прес конференција одржана на 14.11.2018 г., кој објаснува зошто се издаваат дозволи за градба за време на мораториум за градење во општината (транскрипт)

Саша Богдановиќ: „Одлуката за мораторим што ја донесе Советот на Општина Центар беше на 27.12.2017 година каде што беше опфатен 31 ДУП. Во одлуката јасно стои дека под неизвршување на планови влегуваат сите оние нови постапки кои што се опфатени во тие планови односно незапочнување нови градби односно нови постапки. Тоа е од поднесување основен проект, плаќање комуналии итн. Сето тоа е запрено и секој што ќе дојде во општина Центар да побара односно да поднесе барање за одобрение му се презентира одлуката на Советот со која му се објаснува мораториумот.

Втора работа е што во самата одлука наведовме дека имаме затекнати постапки кои што се започнати пред моето доаѓање односно пред одлуката за мораториум, но и години, години пред 2017 година. Имате случаи каде што е донесено одобрение за градба во 2016 година, а се реализира сега поради тоа што имало второстепена комисија или судска постапка кои траеле додека одобрението стане правосилно и добило статус на управен акт. Тоа сме го дискутирале и објаснувале.

Јас би сакал сега и низ бројки, бидејќи се појавија бројки во разговори со Заводот за статистика каде што ги црпат тие од бројки од електронскиот систем на ЗЕЛС, а според кои на територија на општина Центар се издадени 76 одобренија за градба во 2018 година. 

Станува збор за 6 одобренија за градење на нови градби кои се наоѓаат во ДУП Градска четврт Ј07, кој што не е опфатен со мораториумот бидејќи тој ДУП е донесен по генералниот урбанистички план, а го опфаќа Капиштец, дел од Водно, Мало курило, Цвеќара.

Тој ДУП го работиме блоковски, еден блок е веќе донесен, еден од отфрлен бидејќи треба да се доработува, има уште еден блок кој што сега се става,така што неговата доработка е во тек.

Имаме едно одобрение за градење од ДУП Француски гробишта и едно одобрение за градење од ДУП Дуќанџик.

За овие ДУП-ови не важи мораториумот бидејќи се донесени по генералниот урбанистички план и ги поминале сите потребни фази. Останатите 31 ДУП кои се под мораториум најголем дел се донесени пред ГУП-от и затоа ние како општина решвиме дека треба да бидат повторно донесени односно ревидирани за да бидат усогласени со ГУП-от и со некои политики кои што општината сака да ги спроведе. 

И има уште 13 одобренија за градење кои се започнати пред нашето доаѓање односно пред одлуката за мораториум. Станува збор за постапки кои станале правосилни по одлуката за мораториум од 27.12.2017 година и затоа се бројат во тој дел. Како што ќе одминува времето тој број ќе се намалува бидејќи тие постапки ќе бидат завршени.

Најбитно од се, што сакам да појаснам дека во овие одобренија влегуваат и оние што не се опфатени со мораторимот адаптација (вкупно 18), пренамена (вкупно 3) реконструкција (вкупно 16) и доградби и надградби (вкупно 5), како и нфраструктурни одобренија за атмосферска, фекална канализација за улици, одобренија за водоводна мрежа (вкупно 16).

Ние стопиравме изградби на згради и куќи, но не можеме да го стопираме целиот процес и затоа одлуката за мораториум не ги опфаќа овие видови градби.“

На денешната прес-конференција општина Центар презентирше податоци за 13 одобренија за градење од електронскиот систем на Заедниците на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), од кои повеќето биле поднесени минатата година кога немало мораториум, а биле електронски потпишани, односно одобрени во текот на годинава за време на мораториумот

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 1

 

{loadposition holidej-in-divogradbi-poveke-tema}

Тагови: