fbpx

Големо „НЕ“ за висококатници спроти „Холидеј Ин“

Секојдневно се зголемува листата потписници на јавниот повик до премиерот Зоран Заев и надлежните институции за суспендирање на деталниот урбанистички план Ц 08 од 2012 година со кој се предвидува изградба на висококатници на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“. Голем број архитекти, професори, инженери, невладини организации и граѓани со различна професионална окупација досега се приклучија кон барањето да се спречи ново урбанистичко дивеење во Скопје.

Во повикот, меѓудругото, се укажува дека оваа локација заслужува отворен архитектонски конкурс и максимално инклузивен процес во донесувањето на планот.

„Градската четврт Ц08 Ново Маало 2 е последна поголема неизградена локација во центарот на градот. Таа е ултимативната шанса за Скопје која мора да се искористи во име на граѓаните, а не во интерес на инвеститорите. Во сите претходни плански документации (почнувајќи од планот на Кензо Танге) оваа локација се именува како „Републички центар со републички плоштад“ и е препознаена како локалитет од државно значење. Бараме од Вас јавно да покажете дека не го поддржувате финалното уништување на главниот град со реализација на лоши планови. Очекуваме институциите на системот да ги стават граѓаните на прво место и да преземат конкретни чекори“, пишува во повикот.

{loadposition lista-potpisnici}

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Тагови: