fbpx

Новиот службен јазик е за политичарите, Македонците и Албанците учат германски за да избегаат

Екипа на Институтот за комуникациски студии беше во селата Брвеница, каде што живеат  претежно Македонци и Мала Речица, каде што живеат само Албанци, како и во етнички мешаното Тетово за да ги праша жителите дали очекуваат промени во секојдневието од претстојната имплементација на Законот за употреба на јазиците.

Ставовите на граѓаните се поделени, но заедничко за Македонците и за Албанците е што главна грижа им се безработицата и немаштијата заради кои гледаат што поскоро да ја напуштат земјава.

{loadposition brvenica}
Натписите на приватните фирми во Брвеница се на македонски јазик, ретко има и на албански, на англиски и латиница. Сред село е општинската зграда на која уште од 1996 година, кога е формирана општината има информативна табла напишана на македонски и на албански јазик.

{loadposition br1}

Табли со натписи за добредојде на повеќе јазици може да се забележат на двата влеза во тетовското село Брвеница, кои се поставени таму многу години пред да се усвои Законот за употреба на јазиците. Во селото има 3.000 жители од кои повеќето се Македонци, а има и Срби.  Општината ја раководи градоначалник Албанец, родум од соседното село Челопек. Влегувајќи во селото неколкуте поставени македонски знамиња доловуваат слика на етничка едноликост. На некои од сообраќајните патоказни табли со спрејови во боја се прекриени натписите на албански јазик.

На прашањето што мислат за Законот употреба на јазиците односно што ќе смени новата регулатива во животот на обичниот човек, жителите неволно разговараат на темата. Некои од нив сметаат дека ќе бидат принудени да го зборуваат албанскиот јазик и дека ќе се нарушат меѓуетничките односи, а други се оптимистички настроени и се надеваат дека ова ќе биде можност да се подобрат општествените прилики.

При влегувањето по главната улица во Мала Речица веднаш може да се забележи знамето на Албанија на повеќе куќи. Има и споменик со истиот симбол-двоглав црн орел на постамент.

{loadposition recica}
Речиси сите натписи на фирмите во Мала Речица се на албански јазик. На институциите, основното училиште и поштата има информативни табли на македонски и албански јазик.

{loadposition malarecica}

Жителите на ова село одговараат со доза на несигурност околу прашањето за употребата на новиот службен јазик сметајќи дека одговорноста за сето тоа ја имаат оние кои ги носат и спроведуваат законите. Дел од нив потенцираат дека во таа средина одамна се зборува и се учи на албански јазик, така што не очекуваат промени во секојдневието. За нив, главен проблем е економската криза.

Новинарот Вулнет Даути од Тетово вели дека во градот можеби има поделби во однос на содржината на законот и употребата, но и дека е карактеристично заедништвото по неколку прашања кои се поважни за граѓаните без разлика на нивната етничка припадност.

Vulnet Dauti

„Македонците и Албанците може имаат несогласувања околу законот за употреба на јазиците, но сите заедно одат на курсеви по германски јазик. А одат на курсеви по германски, сакајќи да заминат во Германија поради нискиот животен стандард тука и во потрага по подобар живот“, вели Даути.

 

Mersim Maksuti 300x200Професорот по право, Мерсим Максути објаснува дека Владата како носител на предлогот, со носењето на законот предвидува и мерки со кои населението ќе има можност да се запознае со подробностите. Според него, со тоа ќе се понудат информации со кои ќе се избегне неизвесноста и стравот кај населението од спроведувањето на новата регулатива.

 

Законот за употреба на јазиците беше изгласан во март 2018 година со обично мнозинство од 64 гласови во Собранието. Во Службен весник беше објавен во јануари 2019 без да биде потпишан од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Со овој закон покрај во локалната самоуправа, албанскиот јазик доби примена и станува службен и во институциите на централната власт. Предвидено е да се формира Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторат за употреба на јазиците кој ќе работи под Министерството за правда.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии
Новинар: Александар Самарџиев
Сниматели: Владимир Спасоски и Александар Стојановски

Тагови: