fbpx

Одлуката на Уставниот не го штити јавниот, туку приватниот интерес

Со одлуката за времено запирање на мораториумот, Уставниот суд ги „ослободи“ сите ДУП - ови за кои општина Центар имаше ставено забрана за издавање градежни дозволи додека не се ревидираат.

Тоа ќе предизвика ненадоместлива штета, вели претседателката на Советот на Општина Центар, Јана Белчева- Андреевска. Таа додава дека Судот ја игнорирал анализата на стручната и експертската јавност која утврди дека во Деталните урбанистички планови кои беа ставени под мораториум не се почитувани основните начела за хумано планирање на просторот, за безбедност на граѓаните, за здрава животна средина, за доволно зеленило за секој жител на општината.

Иницијативата за оценување на уставноста на одлуката за мораториумот до Уставниот суд ја поднесоа Градежната комора и Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Соња Петрушевска
Снимател: Борис Каевски
Монтажа: Боби Стојменовски

vlcsnap 2019 03 20 20h03m22s051

Тагови: