fbpx

Едвај се ослободија од топилницата, ново жариште ги труе велешани

Воздух полн со прашина, детонации и силна бучава се секојдневие на жителите на населбите Тунел и Превалец во Велес во чија близина се наоѓаат каменолом и фабрика за производство на гасена вар. Освен загадувањето на воздухот за кое веќе е утврдено дека предизвикува сериозни респираторни нарушувања кај граѓаните, овој индустриски капацитет често испушта отпадни води и ја побелува реката Тополка што е причина и за  помор на рибите.

Нашата екипа ги посети жителите на овие две населби и за овој проблем побара мислење од надлежните институции и сопствениците. Според надлежните, преземени се мерки за запирање на работата на каменоломот, но жителите тврдат дека таму постојано се работи.

Тие негодуваат и прашуваат дали државата ја научи лекцијата со Топилницата за олово и цинк, по чие долгогодишно загадување Велес стана познат како најлошо место за живеење во Македонија, а последниците и денес ги трпат велешани.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Владимир Тевчев
Снимател: Иван Камчев

Watch the video