fbpx

Град Скопје преќутно троши милиони евра за Луна парк на духовите

Десет месеци откако Петре Шилегов ги стопираше градежните работи во Луна паркот, Градот Скопје сè уште е без проект за забавниот парк иако за оваа намена годинава ќе се потрошат 1,3 милион евра. Се знае дека ќе биде проширен и збогатен со нови содржини, но не се знае колку ќе чини и кој ќе го гради.

Додека се чека новиот, втор проект на овој градоначалник, Град Скопје веќе трета година ги плаќа обврските од планот на претходниот градоначалник: само во 2017 година се исплатени повеќе од 1,5 милион евра.

Во меѓувреме архитектите предупредуваат дека најавеното проширување на Луна Паркот ќе го доуништи градскиот парк.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Соња Петрушевска
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажа: Ристе Душковски

Тагови: