fbpx

Градоначалникот на Гази Баба го претрка Уставниот суд

Чешката фирма „Локо Транс“ следните 99 години ќе го користи државното земјиштето до скопската фабрика „Железарница“. Локалната власт го одобри закупот на земјиштето, долго време оспоруван од граѓанскиот сектор и жителите на населбата Железара, бидејќи оваа парцела е наменета и за изградба на производствени капацитети за тешка индустрија.

Одбрението на градоначалникот доаѓа во време додека се чека одлуката на Уставниот суд дали ќе го поништи Деталниот урбанистички план во кој е утврдена намената за загадувачка индустрија. И градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и фирмата инвеститор негираат дека тука ќе никне нов загадувач, бидејќи ќе се поправаат стари вагони.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Соња Петрушевска Снимател: Борис Каевски Монтажа: Ристо Душковски

Тагови: