fbpx

Тромавите институции ќе овозможат нова градежна офанзива во Центар

Се нижат барања за одобренија за градба во скопски Центар. Инвеститорите го користат вакуум просторот, создаден по временото замрзнување на мораториумот од Уставниот суд за да ги реализираат бизнис потфатите кои ќе значат нови згради и објекти во централното градско јадро.

Tromavite institucii ke ovozmozat nova gradezna ofanziva vo Centar

Тоа значи дека од почетокот на годинава, од кога е на сила одлуката на Уставен суд, секој ден се бара одобрение за нова градба. „Само прашај“ преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер побара одговори од општината кој сè сака да гради и каде. Очекуваме одговори и на овие прашања за да се види кој ќе ќари од потегот на Уставниот суд. И додека инвеститорите ги „ѕидаат“ плановите за нови згради и висококатници, постапката за суспензија за нелегалните урбанистички планови е заглавена во институционалните лавиринти.

И покрај најавата за суспензија на спорните урбанистички планови во Центар, постапката се одвива бавно, што очигледно го користат оние кои сакаат да градат во срцето на Скопје.

На потег е општината. Министерството за транспорт и врски чека елаборат за спорните детални урбанистички планови од локалната самоуправа.

Општината до Министерството доставила документи за спорните детални урбанистички кои не се усогласени со ГУП-от на Град Скопје, врз основа на што ја донесе одлуката за мораториум. Од Транспорт побарала насоки како да ги изработи елаборатите.

И покрај тоа што Општината оцени дека деталните урбанистички планови се штетни и го загрозуваат животот на граѓаните, до конечната одлука на Уставниот суд не може правно да ги спречи инвеститорите на градат. Или, поедноставно кажано, додека институциите решат дали ќе има суспензија, тулите ќе се редат, ќе се градат нови згради и ќе се вртат пари врз детални планови кои се спротивни на генералниот.

„Плановите се спорни затоа што најпрво биле донесени деталните урбанистички планови во општина Центар, а потоа бил донесен Генералниот урбанистички план на нашиот град којшто имал помали параметри од тоа што или постоело на терен или било предвидено во деталните урбанистички планови. Тука е да речам тој конфликт и таа колизија, дури мислам дека свесно е направена таа грешка. Дури мислам дека свесно е направена таа грешка. Вие имате помал документ по правна јачина, тоа е ДУП, којшто бил претходно донесен, го носите ГУП, свесно во колизија со деталните урбанистички планови. И тука настанува таа кармакаша, тоа едно дивеење“, смета Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.  

Јана Белчева – Андреевска, советничка во општина Центар вели дека можеби требало  прва поддршка за ова проблематика да има од Град Скопје.

„Заради тоа што Градот ја има општината како негов составен дел и бил прв филтер за тоа дали некоја одлука што порано да речам, или во поинакво политичко опкружување во градот е донесена за да може нешто да биде одобрено, дали сега не е моментот таа одлука да биде, не само поништена од општина Центар, туку поништена и од нивна страна“, вели Бечева Андреевска.

Од Центар не ја коментираат одлуката на Уставен за замрзнување на мораториумот, донесена на иницијатива охриѓаните Александар Илиоски и Игор Влакевски, која сама по себе отвори дилеми во овој специфичен период.

Последнава иницијатива за скопски Центар до Уставен е парадоксална, ако се земе предвид дека е поднесена од охриѓани, чијшто матичен град е под жестоки критики од УНЕСКО за неконтролираното градење и каде всушност во моментов на сила е мораториум за градба.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинар: Мартин Пушевски
Снимател: Здраво Петрушевски
Монтажер: Ристо Душковски

ПОВЕЌЕ НА ТЕМАТА:

Охриѓани го менуваат ликот на скопски Центар

Општина Центар продолжува со мораториумот, одлуката на Уставен суд беспредметна

Градежниците преку Уставен суд бараат укинување на мораториумот во општина Центар

Зошто ако има мораториум на градење во општина Центар се уште се гради на некој локации во оваа општина?

Градоначалникот Саша Богдановиќ објаснуваше зошто се издаваат одобренија за градење сред мораториум во општина Центар

Watch the video