fbpx

Георгиески VS Бочварски за проблемите во Охридскиот регион

Неефикасноста на институциите во справувањето со проблемите во Охридско-струшкиот регион може да доведе до уништување на ова наше природно-културно наследство и губење на статусот во УНЕСКО. Локалната и централната власт во изминатиов период декларираа дека ќе направат се што е потребно за овој регион да не биде ставен на листата на загрозени светски наследства, но ветувањата не се остварија. За оваа проблематика одговори побаравме од градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Георгиески: Не е национална трагедија ако Охрид го загуби статусот

До Нова Година ќе се обидам да ги нема сите критични моменти во Охрид, особено во центарот, зaшто во оваа држава постојат две опции: или ќе го почитуваш законот или ќе си Рамиз Мерко. Вака некако го завршивте последното интервју со мене, пред четири месеци, овде во Охрид, само во Вашата канцеларија. Денеска во овој убав јануарски ден сме токму во центарот на Охрид, убаво сончево време, после нова година како се чувствувате? Го почитувате законот или Вие сте Рамиз Мерко?

- Значи ние ги продолживме процесите кои ги започнавме и теравме цела таа 2020 година. Колегата Мерко има свој став по однов на прашањето на УНЕСКО и борбата за задржување на статусот кој што го има Охридско-струшкиот регион и не впишувањето на листата на тој регион. Јас имам свое мислење и свој став, кој малку се разликува од неговиот, меѓутоа, како и да е, мислам дека двајцата треба да ги преземеме одговорностите и да постапиме за она што сме избрани, а тоа е, да постапиме по закон. Јас мислам дека иднината на регионот во УНЕСКО без да биде запишан на листата која што е во опасност е интерес и на Охрид и на Струга и Република Македонија и на граѓаните кои што живеат тука и мислам дека треба да продолжиме во таа насока за да исполнуваме што е можно повеќе од препораките за во иднина да не се наоѓаме и ние двајца како градоначалници и следните градоначалници кои што ќе не наследат во една ваква непријатна ситуација, како што сме ние сега.

Дојдовте на чело на градот мај, 2019 година. Во Вашиот мандат за жал, најверојатно како што се одвиваат работите ќе бидете сведок или се уште на чело на градот, кога градот ќе го промени статусот на листата на УНЕСКО. Каква одговорност чувствувате?

- Да, значи согласно нацрт-извештајот и работите како што се одвиваат, можно е да Охридско-струшкиот регион и делот во Албанија од крајбрежјето од 2019 затоа што и тоа е под заштита на УНЕСКО да биде ставен на листата локалитети кои што се во опаснот. Таа листа. Таа листа морам да признаам дека од годините се повеќе се зголемува. УНЕСКО ги заострува критериумите. Инаку губење на статусот на Охрид во УНЕСКО да биде избришан како град, заштитен од УНЕСКО е скоро неверојатно, затоа што во самото постоење на УНЕСКО, тоа се случило само со два града и локалитети. Едниот е Дрезден кој што луѓето, граѓаните, сами на референдум одлучиле дека повеќе не сакаат да биде под заштита, а другиот е еден посед во Оман, каде што навистина тотално била незаинтересирана ниту државата, ниту населението за УНЕСКО, со тоа што после 90% од тој посед го претвориле во индустриска зона. Имаме ние примери од минатото кога одреден регион бил ставен на листата во опасност, после тоа се вложиле дополнителни напори, се имплементирале препораките, па се избришал неколку години, па после некоја година повторно има случаи истиот регион да биде ставен во опасност, на пример, сега во моментов таква е ситуацијата со националниот парк Yellow Stone во Америка, тој бил под опаснот, па го избришале, па сега пак е, така да тоа е еден процес кој ние не треба толку ригидно да ги сфаќаме тие работи дека сега ќе не стават на листа на опасност и готово , тоа е национална трагедија, Охрид го изгуби статусот. Значи не станува збор за такво нешто, апелирам и до медиумите и до невладините организации, прво и основно да не се политизира ова прашање, а второ, кога веќе се информира јавноста и се третира прашањето, да се третира на еден професионален и соодветен начин.

Во август месец, кога снимавме овде во Охрид, бевме и со членови на комисијата, кои што само во делот на Националниот парк Галичица избројале 38 дивоградби или објекти, кои што треба да бидат срушени. Од тогаш па натаму, инспекторатот при министерството за заштита на животна средина вели дека не само што не им фали ни цигла на тие 38, туку започнати се активности и за нови. Имате ли сознанија што се случува, како се реагира, како течат процесите и дали само овде на Галичица се случува ова?

- Па се случува една појава која што најверојатно е резултат на немањето на урбанистички планови на добар дел од просторот во Охрид, меѓутоа и во Репблика Македонија. Ние сите знаеме дека е широко распространета беспрвната градба и затоа впрочем државата носи такви несреќни закони,како законот за легализација на бесправна градба, на бесправни објекти кои што овде во нашиот регион ни направи големи проблеми. Да, има објекти кои што се со значително влијание на животната средина, кои што се во крајбрежје, кои што се нотирани во инвентарот на бесправни објекти кој што ни беше обврска од УНЕСКО да го направиме и кој што ќе мора да се отстранат. Тоа се повеќе викенд куќи, куќи на физички лица и..меѓутоа тука, главен проблем е тоа што, покрај тоа што не можеме да ги отсраниме тие бесправни објекти, затоа што станува збор за една операција која што е поврзана со многу средства, со други најразлични непријатни ситуации , меѓутоа, станува збор и за едно нефункционирање на системот на казнивост. Значи, не може општината преку 150 кривични пријави, од 2011 навака има поднесено, јас имам поднесено само триесетина во 2020, а ниедна кривична пријава за бесправна градба да не е санкционирана. Значи во еден регион, заштитен како 38 други региони само во светот како светско културно и природно наследство да се допушта да одат луѓе да се санкционираат со притвори, такви работи, не знам, некакви банални престапи , ниту еден со бесправна градба, тоа е една аномалија на системот, која што треба ние сите заедно системски да ја решиме. Инспекциите функционираат, ние постапуваме, меѓутоа, со рушење и отсранување не можиме да воведеме ред ако не се спроведува од почеток.

Што значи тоа? Со рушење сте почнале, па дошол некој Ви направил проблем, се заканувал или одново ја изградил?

Одново, значи кога ќе има пријава, инспекторите постапуваат, најчесто тоа е во темели или рана фаза на градба , меѓутоа, согласно законските прописи, треба осум дена за жалба на решението на инспектор, па потоа, повторно контролен записник и сето тоа се одолговлекува и ние и да поставиме жолта трака, најчесто инвеститорите или изведувачите ја отстрануваат жолтата трака, значи тоа е исто како УЈП кога ќе пломбира одреден објект, сопственикот да си отстрани жолтата трака, да си продолжат да работат, меѓутоа, во оваа сфера така функционира таа жолта трака. Така функционира тоа и...

Како прв човек на градот се чувствувате немоќен? Врзани ви се рацете?

Па, многу е тешко да воспоставиш ред и поредок во една ситуација кога долги години наназад не функционирал системот, сите тие бесправни објекти и сите тие девијантни појави не почнаа од вчера или од лани, со години напластувани проблеми, меѓутоа и тоа е проблем со бесправната градба и дивите градби, малку во јавноста е да речам предимензиониран не се толку бесправната градба клучни во извештајот на УНЕСКО, колку што е недостатокот на права стратегија наша и план како нив да ги решиме. Требаше да се направи стратешка евалуација на влијание на животна средина на сите тие бесправни објекти и да видиме кои од тие бесправни објекти ќе мора да ги отстрануваме. Тоа е процес во кој ќе мора да се вклучи државата, значи и министерство за транспорт и врски, и државен градежен инспекторат во соработка со локалните власти, со инспекциите да пристапиме кон еден процес кој што ќе биде долготраен, болен, меѓутоа ќе мора да заврши на крајот со успех.

Имате ли поддршка од локалното население?

- Па, добар дел од населението свесен е дека, за,како резултат на самоволието на еден мал процент на луѓе кои што биле несовесни кон општественото и светското добро со универзални вредности, дека има шанси сите да станеме заложници нивни, затоа што сега во барањата на УНЕСКО стои да се стави комплетен мораториум за секаква градба во охридскиот регион. Тоа значи некој план кој што е согласен со планот на управување со УНЕСКО, нема да може да се гради, а тоа е казна за совесните граѓани, како резултат на тие кои што несовесно се однесувале со градов.

За да се изгради се потребни пари, но, за да се сруши, веројатно се потребни многу повеќе пари. И во претходното интервју кажавте дека општината не е моќна сама да го спроведе тоа и не смее тоа да го прави сама, затоа што како што и сами велите, ова не е локален проблем, ова е државен системски проблем. Колку државата се обиде да Ве слушне , одвои пари во овие времиња, не само економско тешки, туку и со ковид и со сето тоа што ни се случува во светски рамки, да речам. Колку имаат слух за проблемот што се чини дека штом ќе стигне некоја ваква draftверзија, тогаш се актуелизира дополнително?

- Видете, во однос на справувањето на дивата градба и отстранувањето на бесправните објекти, ние се што отстранивме, беше со средства од буџетот на општината, сега добивме прв пат 6.000,000 од Влада. Точно е дека надлежностите за отстранување се на локалната самоуправа, на градоначалникот и на локалниот инспекторат за градежништво, општинскиот. Меѓутоа, овдека е малце разликата меѓу Струга и Охрид, ние не бараме одземање на ингеренциите, ние ќе постапиме , сите предмети што ги имаме во однос на отстранување на бесправен објект ќе ги постапиме, но нас ни треба помош малку и координација од државен пазарен инспекторат да врши надзор да речам при отстранување на тој објект, затоа што сепак станува збор за сензитивни, деликатни случаи, кај што еден сам инспектор, локален мој, треба да турне една куќа. Тоа е малку непријатна ситуација и во однос на финансиски средства ни е потребна помош од државата. Дали ќе е направи еден централен тендер за целиот регион, ние да можеме да го користиме или ќе одобрат средства, тоа треба да се договори со нив. Меѓутоа, мене ми е жал што сето она што го направи оваа Влада , како резултат на тешкотиите во справувањето на бесправната градба, некако како да паѓа во вода. Сите да речам забораваме, дека за прв пат се формираше ново јавно претпријатие колекторски систем кој што е многу поважно како проблем за решавање колекторов, отколку дивите градби. Значи, колекторот вкупна сума која што владата се обврза да превземе се 21.000 евра. Значи, се направи делбен биланс, се формира јавно претпријатие, се регистрираа првите 4.500 евра за ревитализација на колеторскиот систем, после имаше таму долгови према ЕВН за неплатена струја од 7.000 евра и сите тие долгови ги превзеде, ги превзеде Владата и тоа е еден значаен, да речам, чекор напреди значајна помош во имплементација на препораките. Потоа, изработката на урбанистички планови, 19 блока за стар град и ред други работи, кои што, кои што ни ги даде како помош. На општинава ни даде 500.000 денари во процесот на раздолжувањето, мислам дека ваква поддршка како што има Охрид сега од Владата, ретко кога имал. Меѓутоа, проблемот е тоа што Владата го има како проблем и ние како граѓани, функционирањето на правната држава кое што не зависи ни од Владата ни од мене. Зависи од тоа што, да речам, нас ни е главна фалинка предочено и во преговорите пристапни од Европска Унија и сите тие работи, а тоа е, функционирање на правна држава на целата територија на нашата држава. Судство и правосудство и обвинителство. Тука завршува и почнува се!

Проблемот со Охрид, не почна во Вашиот мандат, веројатно нема ни да заврши. Борбата за Охрид ќе трае не само на листата на УНЕСКО, туку да биде Охрид на граѓаните и на туристите од дома и од светот. Планирате да се кандидирате на следните избори повторно за прв човек на Охрид? Пред да се прават комбинациите во партија итн, Вашето лично чувство, дали би сакале да продолжите како прв човек борбата за Охрид?

- Поделени ми се чувствата. Зошто? Затоа што Охрид заслужува и борба и да речам и жртва и граѓаните на Охрид тоа го заслужуваат меѓутоа, малку е проблем кога од цела таа борба, се случува една работа која што Вие ја спомнавте , поддршка и соработка од граѓаните, од грото од граѓаните, мислам дека се за воведување ред, меѓутоа и добар дел има кои што тоа што ние сме го отстраниле, тие пак го градат. Значи, мора малку и свеста да се смени на населението, инаку лично, тешка е функцијата, Охрид е тежок за менаџирање со сите овие проблем, бевме една од најзадолжените општини, сега сме дојдени до 400.000, така да не знам, не можам стриктно да Ви одговорам на прашањето. Ќе биде една тема за размислување за мене во наредниот период, меѓутоа, дека одма можам да Ви кажам, да, ќе се кандидирам - не можам.

Бочварски: На локалните шерифи им доаѓа крајот

Статусот на Охридско-струшкиот регион во УНЕСКО не смее да биде локален проблем. Институтот за комуникациски студии го праша министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за најголемата рак-рана на овој регион, дивоградбите. Кога и на кој начин државата ќе помогне во реализација на забелешките на светската организација?

Што е тоа што државата може да го направи во оваа фаза за да го спаси статусот на Охридско-струшкиот регион на листата на УНЕСКО?

- Ние ја поставуваме легислативата и од тука можам да кажам дека сме задоволни, заради тоа што изминатите неколку месеци донесовме нов закон за урбанистичко планирање со што го тргнавме од позиција да биде на сила претходниот закон кој што беше навистина проблематичен, преку кој што се направија низа злосторства, јас би рекол и на државата и на Скопје но и на сите други делови од република Северна Македонија, да денеска имаме закон кој што е целосно искоординиран со стручната фела, со сите политички субјекти во државата и е стапен на сила, но, е донесен и правилникот за урбанистичко планирање кој што е подзаконски акт за објаснување и подобра и полесна примена на овој закон и секако на предпоследната седница на Влада се донесе и тарифникот за урбанистичко планирање, нешто со што ние веќе ја заштитуваме фелата, урбанизмот, планирањето, не повеќе политичарите да бидат главни урбанисти во државата или одредени бизнис интереси да го надвладејуваат и поклопуваат урбанизмот, туку навистина архитектите да бидат тие со строго утврдени цени и критериуми како ќе работат, со тоа што овде јас веќе ги слушам и пораките од моите колеги архитекти, од професорите од факултетот, урбанистите, дека навистина ова е најголемиот чекор досега направен со цел да ја заштитиме фелата и да дадеме шанса.

Може ли државата финансиски да му помогне на Охрид?

- Ние како Влада кон крајот на 2020 година, донесовме одлука на општина Охрид да и доделиме 6 милиони денари , конкретно за спраување со дивоградбите , со нелегалните објекти и отстранување на сите тие објекти од крајбрежјето и од тој појас кој што е навистина проблематичен за да има таков тип на градби, така што од тој аспект, финансиски помагаме, знаејќи ги капацитетите на општините, секако, и во нашата програма во министерството за транспорт и врски, преку агенцијата за планирање на просторот во оваа година, ние веќе имаме ставено изработка на урбанистички план за решавање на крајбрежјето. Парцијално ќе се решава, но ние оваа година конечно почнуваме заради УНЕСКО и со ова практично ќе го урбанизираме тој простор и се она кое што навлегува во таа зона, заштитена зона на крајбрежјето,истото ќе мора да биде веднаш отстрането и со ова. Преку финансиски средства од владата и нашето министерство веќе покажуваме уште еден чекор и волја како ние се бориме со справување на овие проблеми.

Додека се собираат средства и се крои план за рушење на дивоградби, на слободен простор никнуваат нови. Како ќе се стави ред?

- На локалните шерифи им доаѓа крајот и тоа го докажавме во многу наврати, тоа ќе биде доказ и на увид на јавноста во иднина, но, пак ќе кажам, не се работи за префрлувањето на ингеренциите или на топката од едната на другата страна мораме да знаеме под кои закони, под кои прописи работи едно министерство, една влада, а кои закони и прописи и процедури и работни задачи во текот на денот ги има една една локална самоуправа или општина. Сите овие прашања кои што ги поставивте лежат, одговорите лежат на локално ниво, односно, општините треба да контролираат, имаат свои општински инспектори, треба да носат одлуки и треба да рушат. Ние овде заради состојбите кои што се настанати се вклучуваме како централна власт и ги координираме и бараме да се пикираат, бараме динамика на отстранување, се нудиме да им помогнеме од секој можен аспект, но, секако дека државата не е таа што треба да отиде со механизација и да руши низ градовите во државата.Така што, ние како централна Влада сме овде и бараме и доколку наидеме на позитивен однос или одговор од страна на општините сме овде, дополнително да им помогнеме од секаков можен аспект, но, ова е прашање директно поврзано со општинските ингеренции, така што, од тој аспект, не се работи за префрлање на топката, туку се работи за нешто за кое што јас немам уставни надлежности да пратам механизација и да таа механизација работи на терен, да отиде полиција и таа полција да работи на терен. Полицијата ќе излезе, нормално, доколку е потребно на повик на градежниот инспектор на општината, ќе направи увид, ќе се поднесе пријава до обвинителството, ќе се поднесат пријави и веднаш потоа стапува на сцена кога ќе се донесе решението од општински инспектор настапува на сцена општината со нејзините копании кои што работат во однос за постапки на отстранување на нелегални објекти или со нивна матична механизација и да се отстрани тој објект, така што тие ингеренции се таму, ние ја даваме целата поддршка и верувам дека во наредниот период ќе се увиде она што значи реакција, брза и силна реакција во однос на овие прашања.

 

Содржината ја изработи Институт за комуникациски студии

Новинарка: Катерина Топалова
Сниматели: Иван Поповиќ, Сашо Доковски
Монтажа: Ристо Душковски

Тагови: