fbpx

Вулгарно профитирање на сметка на јавниот интерес

Паѓаат во вода декларативните заложби за транспаретност и заштита на јавниот интерес на Општина Центар и на Град Скопје каде што зад „затворени врати“ се турка изградбата на висококатни деловно-станбени објекти на 83.000 квадрати на парцелата спроти „Холидеј Ин“. Од локалната самоуправа одбиваат да кажат што точно ќе се гради на оваа локација иако станува збор за проект превиден со детален урбанистички план којшто беше прогласен за незаконски бидејќи не е во согласност со Генералниот урбанистички план.  Поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитекти, Даница Павловска – Циги смета дека станува збор за бизнис-проект чијашто единствена цел е максимален профит на сметка на јавниот интерес, што потсетува на некои поранешни времиња кога плановите се спроведуваа без јавни расправи. Таа смета дека овој простор треба да биде јавен, отворен и озеленет.

„Само прашај“ повторно се обиде да добие одговори од Општина Центар и од Град Скопје, од кои побаравме во име на транспарентноста да ни го покажат идејниот проект, бидејќи граѓаните имаат право да знаат што точно ќе се гради во центарот на градот, но засега сите напори завршуваат безуспешно. Целата постапка се одвива далеку од очите на јавноста, која не знае ниту колку, ниту какви објекти ќе се градат на локацијата спроти „Холидеј Ин“.

Единственото нешто што го открија од Центар е дека од предвидените 200.000 квадрати со ДУП од 2012 година, со идејниот проект се планира искористеност од 83.000  квадрати, но за тоа што ќе се гради упатија на „Обновители“, компанија во која партнери се МПЦ-ОА и „МГ Фешн“ на Зоран Антиќ.

Од компанијата „МГ Фешн“ за „Само прашај“ најавија дека наскоро ќе го презентираат проектот во јавноста. Според нив, визуелните прикази во јавноста не соодветствувале со она што се подготвува. Иако не откриваат детали, инвеститорот уверува дека проектот ќе биде модерен, еколошки и енергетски ефикасен и ќе го задоволи пропишаниот коефициент на зеленило од 20 отсто.

„Наспроти 60-катните бетонски облакодери за кои претходно се информираше во јавноста, предвиден е урбан и зелен комплекс и објекти со тројно намалена катност каде се предвидува примена на најсовремени материјали и дизајн,  достоен за 21 век“, велат од „МГ Фешн“.

И покрај превезот на таинственост, извесно е дека работите не стојат. Општина Центар веќе побара, а Град Скопје направи пресметка за комуналиите што треба да ги плати инвеститорот. Околу 2,4 милиони евра ќе завршат во Град Скопје и во општина Центар, од кои 60 отсто или 1,4 милиони ќе одат во касата на администрацијата предводена од градоначалникот Петре Шилегов, а околу милион во касата на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Саша Богдановиќ. По ова, следен чекор за инвеститорот откако ќе ги уплати парите е да бара одобрение за градба и да добие градежна дозвола.

Циги: Граѓаните да си го бранат интересот

ДУП за градска четврт Ц 08 до последната одлука на Уставниот суд беше ставен под мораториум. ДУП-от не е усогласен со повисокиот Генерален урбанистички план на Град Скопје, донесен на 4.12.2012 година со важност до 2022 година. Овој ДУП за 8,8 пати ги надминува параметрите на ГУП-от во однос на површината за домување и бројот на жители. Планот предвидува 200.000 квадратни метри развиена површина за трите парцели, а според она што е замислено за домување, таму би имало најмалку 11.000 жители. Архтитектката Павловска-Циги вели дека е потребен нов ДУП за тој простор.

„Таа анализа е направена, направени се споредбени податоци во коишто се гледа колку е пробиено она што е предвидено со ГУП. И таквото нешто е упад во системот, таквото нешто е атак на градот, а ние имаме право на град како граѓани. Токму затоа јас ги поттикнувам, не само оние кои се одговорни како професионалци, тие секако  и пред сопствената совест и пред јавноста се одговорни, меѓутоа граѓаните да застанат да си го бранат интересот. Градот ни го узурпираат оние кои се полни со незнаење и користољубие, не смее да се дозволи такво нешто“, вели Павловска-Циги.

Институционалниот пинг-понг ќе му пресуди на Центар

Битката за похумани услови за живот во скопски Центар е пред конечен пораз. По одлуката на Уставниот суд да го отфрли мораториумот за градење во спорните детални урбанистички планови кои не се усогласени во Генералниот урбанистички план на Град Скопје, инвеститорите практично добија одврзани раце да бараат и да добиваат дозволи за градба. И покрај најавите од општина Центар дека ќе почне постапка за суспензија на спорните ДУП, за што Советот и го задолжи градоначалникот Богдановиќ, Министерството за транспорт и врски пред една недела откри дека до нив до тогаш воопшто не биле доставени елаборати или какви било документи за суспензија. Централната власт тврдеше дека од Министерството било побарано само мислење како да се изработат елаборатите, општината тврдеше дека се постапува, времето изминуваше сè до одлуката на Уставниот суд од почетокот на март за конечно укинување на мораториумот за градба. Со тоа, плановите од 2012 година се повторно во сила, иако не се усогласени со повисокиот ГУП на Град Скопје.

За продажбата на земјиштето спроти „Холидеј Ин“, во време кога со Министерството за транспорт и врски раководеше актуелниот директор на Царинската управа Горан Сугарески, Антикорупциската комисија отвори нотираше низа недоследности. Министерството тврди дека нема ништо спорно, иако државното земјиште во строгиот Центар на Скопје на исклучително атрактивна локација беше продадено за цена од 312 евра по квадратен метар.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Мартин Пушевски

Повеќе на темата:

Висококатници кај „Холидеј Ин“ по „скратена постапка“

Tuzba vo Strazbur dokolku se dozvoli izgradba na visokokatnici kaj Holidej In intro 150x150

Се тактизира со спорниот ДУП кај „Холидеј Ин“, Обвинителството го проучува случајот

vulgarno profitiranje na smetka na javniot interes 150x150

Новомаалци ќе останат со празни раце со висококатници спроти „Холидеј Ин“

Тужба во Стразбур доколку се дозволи изградба на висококатници кај „Холидеј Ин“

Осмислен простор наместо висококатници кај Холидеј Ин

Намалениот габарит не е оправдување за висококатници кај „Холидеј Ин“

Масовен одзив на петицијата против висококатници кај „Холидеј Ин“

vulgarno profitiranje na smetka na javniot interes 150x150

Вулгарно профитирање на сметка на јавниот интерес

 Betonski cudovista - featured

Бетонски чудовишта ќе се градат на 83.000 квадрати спроти „Холидеј Ин“

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

Лажна битка за враќање на мораториумот за градење во Центар

Исчезнува последниот слободен простор во строгиот центар на Скопје

Трка за градење во Центар, „бетонизација“ кај „Треска“ и кај „Холидеј ин“

Јана Белчева: „Бирократската магла“ може да го проголта паркот кај „Треска“

Општина Центар може да ја одземе парцелата кај „Холидеј ин“ од МПЦ и Зоран Антиќ

На мораториумот во општина Центар му недостасуваат наводници

Кои се бизнисмените што го градат Скопје и му се радуваат на Уставниот суд?

„Треска“ може да биде запаметена како пресврт за Скопје

Градоначалникот Саша Богдановиќ објаснуваше зошто се издаваат одобренија за градење сред мораториум во општина Центар

Во општина Центар за време на мораториум се гради на 149 хектари