fbpx

Масовен одзив на петицијата против висококатници кај „Холидеј Ин“

„НЕ за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотел „Холидеј Ин““ е насловена онлајн петицијата иницирана од група граѓани за да се спречи планираната изградба на висококатни станбено-деловни објекти на оваа локација. За еден ден петицијата ја потпишаа над 4.500 граѓани.

Таа следува откако „Само прашај“ го објави текстот „Бетонски чудовишта ќе се градат на 83.000 квадрати спроти „Холдеј Ин““ во кој се вели дека без јавна дебата и спротивно на основните урбанистички правила за пристоен живот во Општина Центар тече постапката за изградба на висококатници.

Фирмата-инвеститор „Обновители“ на бизнисменот Зоран Антиќ и МПЦ-ОА веќе уплати 2,4 милиони евра за комуналии. Од вкупната сума, 60 отсто или околу 1,4 милиони евра завршија на сметката на Град Скопје, а останатите 40 отсто (1 милион евра) во касата на Општина Центар.

Предвидено е проектот да се реализира во три фази. Во првата фаза предвидена е изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза се предвидува изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза се предвидува изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда - кула со 16 ката и височина од 76,5 метри.

Планираниот градежен проект е дел од детален урбанистички план којшто е донесен незаконски и спротивно на Генералниот урбанистички план на Скопје и со реализацијата ќе дојде до нарушување на квалитет на живеење во градот.

 

{loadposition holidej-in-divogradbi-poveke-tema}

Тагови: