fbpx

Осмислен простор наместо висококатници кај Холидеј Ин

Доколку сакате да се приклучите кон Јавниот повик, потпишете се ТУКА

 

ЈАВЕН ПОВИК

До
г-н Зоран Заев,
Претседател на Владата на Република Северна Македонија

Скопје, 14.04.2021 г.

Ние, долупотпишаните граѓански организации, тргнувајќи од јавниот интерес како врвен принцип на водење и практикување политика, Ве повикуваме Вас како премиер, Владата и сите надлежни институции, во најитен можен рок јавно да се произнесете и да покажете суштинска волја за борба против урбанистичкото дивеење и распродавањето на јавниот интерес, односно воспоставувајќи систем на владеење на правото, а во врска со Деталните урбанистички планови (ДУП-ови) во Скопје.

Еден од многуте, но само последен драстичен пример е ДУП за градската четврт Ц08 Ново Маало 2 (паркингот спроти хотел „Холидеј ин“), парцела за која Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека ќе истражува дали окрупнувањето на земјиштето кај оваа локација е незаконско и ќе се испитува дали се прекршени основните начела за заштита на животната средина со изградбата на предвидените висококатници. Јавниот интерес и правото на живот во здрава и чиста животна средина мора да е врвно начело на управување со државата. Обврска на Владата е да го одржува и штити јавниот интерес и да интервенира кога е тој загрозен, а по потреба и да санкционира.

Javen povik DUP C 08 2012ДУП Ц 08 2012

ДУП-от: Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Голем Ринг јужен дел - исток (опфат меѓу улиците: ул. „Васил Аџиларски“, река Вардар, бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Мирче Ацев“) за плански период 2012-2017 г., донесен со Одлука на Советот на Општина Центар-Скопје бр. 07-9816/10 на 21.12.2012 година беше ставен под т.н. „мораториум“. Изработката на новиот ДУП за Градска четврт Ц08 Ново Маало 2 (ново именување) ја доби повторно истата приватна фирма која го изработила претходниот спорен план во 2012 година, а сега со цена од само еден (1) денар по хектар, што отвора простор за сомнеж за тоа според чии интереси таа ќе постапува. Фирмата го одолговлекуваше процесот во период од две години и не постапуваше по забелешките на Комисијата за урбанизам формирана од градоначалникот Богдановиќ, со што ја спречи Општината да донесе коригиран план пред одлуката на Уставниот суд. Општина Центар го раскина договорот, но предоцна. Отскоро стапи на сила стариот спорен план, што веројатно беше и идејата на планерот.

Постапката за изработка на нов детален урбанистички план за Градската четврт Ц08 Ново Маало 2 започна заедно со планската програма која е сржта на планот и на вредностите на кои тој ќе се базира. Но за жал, програмата беше прекината и треба да стартува одново и според  новиот Закон за урбанистичко планирање, Планерите мора  да ги испочитуваат тие насоки. Потсетуваме дека Деталниот урбанистички план - Голем Ринг јужен дел - исток (опфат меѓу улиците: ул. „Васил Аџиларски“, река Вардар, бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Мирче Ацев“) за плански период 2012- 2017 беше ставен под т.н. „мораториум“, односно неизвршување, со стручно докажани бројни аргументи за прекршувања на параметрите од Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Сепак, Министерството за транспорт и врски дозволи продажба на државното земјиште по тој ДУП.

Javen povik do premierot sproti holidej in 1Локацијата спроти хотелот „Холидеј Ин“ е последниот слободен простор во центарот на Скопје

Со молчењето на Владата и покрај бројните реакции на јавноста, се создава впечаток дека не се почитува интересот на граѓаните, ниту пак стручното мислење зошто овој ДУП не смее да се извршува. Државната комисија за спречување на корупцијата отвори постапка за утврдување на ризици за склучување на коруптивни договори при јавни набавки за изработка и ревизија на ДУП-овите во Општина Центар. Владеењето на правото во една држава се гледа и во пристапот кон решавањето на просторот кој е необновлив ресурс во урбаните средини.

Затоа бараме:

  • Владата да ја поддржи суспензијата од Општина Центар за ревидирање на ДУП ЦО8, како и сите други ДУП-ови кои со стручна анализа се докажани како неусогласени со ГУП, а со тоа погубни за центарот на Скопје и за граѓаните.
  • Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје да се произнесат и да се обврзат дека нема да издадат согласности за ДУП-ови кои не се усогласени со ГУП, со Уставот, како и со законите на РСМ.

Дополнително, Ве повикуваме за поддршка на барањето за законито работење и на други институции и органи и тоа:

  • Инспекторатите за урбанизам и за градежништво;
  • Државниот правобранител кој по функција треба да го штити државниот имот;
  • сите оние кои досега ги одобрувале плановите спротивно на ГУП-от и интересот на граѓаните.

Во исто време бараме да се спречат опструкциите за изработка на поквалитетни планови, кои доаѓаат од изработувачите на плановите кои одбиваат да постапат согласно стручните барања. Тоа се истите изработувачи на планските решенија за катастрофалниот проект „Скопје 2014“, кои и денес ја загрозуваат ефикасноста на целиот процес за квалитативно подобрување на ДУП-овите.

Сметаме дека оваа локација заслужува отворен архитектонски конкурс и максимално инклузивен процес во донесувањето на планот. Градската четврт Ц08 Ново Маало 2 е последна поголема неизградена локација во центарот на градот. Таа е ултимативната шанса за Скопје која мора да се искористи во име на граѓаните, а не во интерес на инвеститорите.

Во сите претходни плански документации (почнувајќи од планот на Кензо Танге) оваа локација се именува како „Републички центар со републички плоштад“ и е препознаена како локалитет од државно значење.

Бараме од Вас јавно да покажете дека не го поддржувате финалното уништување на главниот град со реализација на лоши планови. Очекуваме институциите на системот да ги стават граѓаните на прво место и да преземат конкретни чекори. Во спротивно ќе побараме политичка и кривична одговорност за сите соучесници во урбанистичкото дивеење врз градот.

АРГУМЕНТИ КОН ЈАВНИОТ ПОВИК

  • ДУП-от што е под „мораториум“ не е усогласен со законот од повисок ранг, т.е. Генералниот урбанистички план (ГУП) на Скопје донесен на 04.12.2012 г. а со важност до 2022 г. и дополнително прекршува низа правилници и закони.
  • Најгустите делови во најгустите градови на светот имаат густина од максимум 120.000 жители/км2. Четвртта Ц 08 би имала двојна густина и нехумана пренаселеност.
  • Потребното паркирање за станбените и комерцијални површини предвидени во спорниот ДУП го надминува капацитетот на просторот за 3.5 пати. При паркирањето е во две подземни нивоа, а сите возила треба да влезат преку улицата „Мирче Ацев“ и тоа само преку еден влез кој истовремено е и главниот влез во јавниот простор.
  • Планот со 100-процентна изграденост на парцелите при дозволени максимум 70% за парцели во кои има домување, не е во согласност со Законот за урбано зеленило кој побарува барем 20 % озеленување во парцелата.
  • Новиот план за овој ДУП не само што треба да ја напушти максималната изградба како основна вредност и да ги усогласи нумеричките параметри за изграденост и број на жители со ГУП-от, туку мора да биде и квалитативно подобар нудејќи повисоки вредности.
  • Дури и најавената површина од 88-89 илјади м2 (иако помала од предвидената со ДУП) за идејниот проект за парцела 1.1. (според изјавите на градоначалникот Саша Богдановиќ) во себе ќе акумулира најголем дел од дозволените 1.250 жители со ГУП. Ако целосно се искористи за домување таа би одговарала на 2.738 жители (стандард 32.5 м2/жител) и двојно би го надминала ГУП-от, а ако половина се искористи за домување, а половина за деловни и трговски дејности, само една парцела целосно би го акумулирала домувањето дозволено за целата четврт. Имајќи предвид дека изградбата на парцела 1.1. е целосно на територијата на паркингот, таа би привлекла нови жители, а жителите на Ново Маало (во остатокот од четвртта) би останале извисени. Ова од причина ако оваа парцела го исполни ограничувањето за жители на ГУП, на парцелите 1.2. и 1.3. ќе може да се реализираат само деловни и трговски намени според член 38 од ГУП 2012-2022. Со тоа, тие се ставени во многу незавидна положба и начелата за рамноправен третман на граѓаните се нарушени, a новите жители ќe имаат поголеми права на домување од староседелците.
  • Иако планот го зголемува бројот на жителите, тој не нуди никакви јавни функции за нив (градинки, училишта, култура, јавни простори).

Очекуваме создавање на квалитетен јавен простор отворен кон реката, нов зелен републички плоштад кој со пешачкиот мост ќе се поврзе со платото пред црквата „Пресвета Богородица“, плоштад обиколен со добро пропорционирани објекти, како белег на 21-иот  век, бидејќи плоштадот “Македонија“ беше претворен во белег на 19-ти век.
Ако Скопје расте во висина и широчина, дотолку повеќе му требаат повеќе јавни отворени простори. Актуелната пандемија уште повеќе го покажа тој недостаток.

Веруваме дека сите повикани ќе се изјаснат во најкус рок и дека со вашата јавна поддршка на нашите барања ќе поттикнете пошироко граѓанско учество во креирањето политики и континуиран дијалог за поквалитетно живеење. Да покажеме дека спроведуваме барања и прифаќаме вредности кои се на европската агенда за законитост и за почитување на правото, за функционални институции и за борба против корупцијата. Декларацијата на EUROCITIES за граѓанско учество наведува дека токму ова е предуслов во партиципативната демократија која треба да ги инспирира сите нивоа на власта.

Новиот план за овој ДУП мора да ја напушти максималната изградба како основен приоритет  и мора да биде и квалитативно подобар нудејќи повисоки вредности. Планот мора да води сметка за јавниот интерес, а со тоа и на заштита на животот и здравјето на граѓаните, психичкото здравје, социјализација, наместо осаменост. Со зелен простор ќе се помогне во справувањето со последиците од загадувањето, бучавата, топлотните острови и неотпорноста кон климатските промени кои изградбата на „Скопје 2014“ се случија во центарот на градот. Иако и Градот и државата имаат стратегии и документи со кои овие прашања се третираат, нивното неспроведување ги остава граѓаните да живеат во небезбедна и нездрава средина.

Javen povik do premierot sproti holidej in 2Спроти „Холидеј Ин“ е предвидено да се градат висококатници кои достигнуваат височина од 80 метри

Планот мора да покаже почит кон околното градителско наследство: концептот на „Градски ѕид“ и потковицата која ја оформува по текот на „Голем ринг“, комплексот банки, „Градскиот трговски центар“, „Домот на синдикатите“ – објекти кои се бисери на модерната во Скопје. Овој простор не функционира како засебен остров. Планот мора да ја почитува и воспоставената пешачка оска од „Транспортниот центар“ до „Градскиот трговски центар“ и да ѝ даде нова артикулација.

Планот треба да се базира на принципите на градови за луѓе, да предвиди живи јавни простори, широки пешачки патеки, широки велосипедски патеки, убави големи дрвореди. По текот на пешачките оски планот треба да понуди јавни простори и соодветни јавни содржини кои му недостасуваат на градот. Планот не смее да создаде дополнителни сообраќајни проблеми и точки на застој на автомобилскиот сообраќај. Треба да даде примат на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај, на трамвајската траса (или по неодамна одобрениот проект од Владата и од Градот Скопје - BUS RAPID TRANSPORT – BRT/БРТ), а влезовите и излезите за автомобили соодветно да ги испланира со што ќе се овозможат повеќе пристапи.

Javen povik do premierot sproti holidej in 3Со зградбата на деловно-станбени објекти на оваа локација целосно ќе го затвори просторот кон реката Вардар

Двете градски линии на БРТ се вкрстуваат токму покрај оваа четврт. Планирањето на масовни системи за превоз мора да оди заедно со планирање на соодветен јавен простор којшто ќе акумулира луѓе, поради потребите за заштита и спасување, но и поради пријатноста во користење на јавниот простор. Со постоечкиот ДУП од 2012 г. оваа локација целосно ќе се заѕида и тоа не е во прилог на успех на проектот за БРТ. Внатрешноста на блокот мора да биде лесно достапна за граѓаните преку пешачки патеки, продори, пасажи, а не да биде обиколена со целосно затворени и контролирани огромни објекти и да има третман на внатрешен двор. Таа треба да биде новиот „Републички плоштад“ отворен кон Вардар со којшто сите ќе се гордееме.

Ако претходната власт остави белег со „Скопје 2014“ и “барокниот“ третман на плоштадот „Македонија“, оваа власт треба да создаде нов зелен „Републички плоштад“, белег на 21-иот век, а не тешко достапен внатрешен двор на трговски центри затворен кон реката Вардар. Оваа шанса за нов Републички плоштад во Скопје не смееме да ја испуштиме.

Неколку корисни линкови

 

Потписници

  1. Здравје пред профит во Центар
  2. Институт за комуникациски студии (ИКС)
  3. Институт за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС)
  4. Македонско здружение на млади правници (МЗМП)
  5. О2 ИНИЦИЈАТИВА
  6. Зелен Институт Скопје
  7. Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје
  8. ЕКО ЛОГИК – Скопје
  9. Го сакам Водно
  10. Фронт 21/42
  11. Национален Ромски Центар
  12. Порта 3, списание за архитектура, градежништво и екологија
  13. Water4changes-Global Shapers Skopje Hub
  14. Еко Живот
  15. Движење на екологисти на Македонија
  16. Центар за правни истражувања и анализи
  17. Проф. д-р Дивна Пенчиќ, Архитектонски факултет, УКИМ
  18. Проф. д-р Кирил Сотировски, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ (ХЕФ), УКИМ
  19. Даница Павловска – Циги, дипл. инж. архитект
  20. Проф. д-р Рената Ќуштеревска, Институт за биологија, ПМФ при УКИМ
  21. Проф. д-р Иван Блинков
  22. Невена Георгиевска, дипл. инж. архитект
  23. Доц. Д-р Златко Илијовски, дипл. инж. геолог
  24. Асс. д-р Благоја Бајковски, Архитектонски факултет, УКИМ
  25. Арт Поинт – Гумно
  26. Центар за еколошка демократија ФЛОРОЗОН
  27. Коалиција за оддржлив развој „КОР“ Скопје
  28. „Во одбрана на Буњаковец“
  29. Центар за истражување и креирање политики
  30. „Македонска АРХитектура“ (МАРХ)
  31. Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.
  32. Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина / членка на Советот на Град Скопје
  33. Проф. д-р Мишко Ралев, дипл. инж. архитект
  34. Оливер Белопета, Скопски џез фестивал
  35. Граѓанска асоцијација за унапредување на инклузивноста во градовите и градските простори ХУМАНИ ГРАДОВИ Скопје
  36. Горјан Јовановски - AirCare/МојВоздух
  37. Мила Димитровска, м-р архитект, Kengo Kuma and Associates
  38. Никола Георгиевски, м-р арх. и м-р пејз. арх., истражувач на Школата за архитектура во Орхус, Данска
  39. Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ
  40. Огнен Јанески, новинар
  41. Владо Данаилов, архитект, Студио 90
  42. Елена Филиповска, архитект, Студио 90
  43. МИТ Универзитет - Скопје, Факултет за архитектура
  44. Искра Димитрова, уметник
  45. „ОдПржиноПочнува“, граѓанска иницијатива
  46. Орхидеја Димова
  47. М-р. Филип Дубровски, дипл. инж. архитект
  48. Лилјана Дубровска, дипл. инж. архитект
  49. Снежана Димитровска, инжињер архитект, директор на сектор за Инфраструктурно Планирање во Австралиската Капитална Територија
  50. Галина Димитрова, офталмолог
  51. Здружение „ПЛОШТАД СЛОБОДА“
  52. Татијана Мојсов, лингвист-германист
  53. „Чист Охрид“, неформална еколошка организација
  54. Милчо Манчевски, режисер
  55. Ивана Групче, дипл. инж. архитект
  56. Марија Христовска, дипл. инж. архитект
  57. Бисера Стојанова, дипл.инж. архитект
  58. Ирина Станковска, дипл.инж архитект
  59. Корнелија Дуганова, дипл инж. арх.
  60. Драгица Фаррен, дипл.инж.арх, Андовер, Велика Британија
  61. Лилјана Котлар, м-р архитект
  62. Kлиментина Каланоска, пејзажен архитект
  63. Сања Бачевски, дипл. инж. по хортикултура
  64. Кристина Тодороска Петреска, драматург, Народен театар - Охрид
  65. Дејан Петрески, илустратор, фриленсер
  66. City Scope Skopje, граѓанско здружение
  67. Јелена Хол, м-р арх., Швајцарија
  68. Ена Савева, архитект
  69. доц. д-р Бисера Станкова, Филолошки факултет ,,Блаже Конески", УКИМ
  70. ЕкоКарпош 3 2 1
  71. Татјана Де Груд-Трајковска, архитект, Холандија
  72. М-р Ели Аиноска, ликовен уметник
  73. Славица Макаровска, архитект
  74. Иво Петровски, драматург
  75. Тања Каловска Роуссоу, политиколог и граѓански активист, Холандија 
  76. Анастасија Николовска, м-р архитект
  77. Граѓанска иницијатива „Ние сме Карпош 4“ 
  78. Проф.д-р Владимир Радевски, Универзитет на Jугоисточна Европа
  79. „На точак“  - група граѓани за подобро велосипедско Скопје,
  80. Проф. д-р Слободан Велевски, Архитектонски факултет, УКИМ
  81. Архитект Бесиан Мехмети, член на УО на ААМ
  82. Јорданка Ивановска, политички коментатор и сопственик на веб сајт
  83. Емил Нијами, славист
  84. ВоОдбрана на ДебарМаало
  85. Добра Земја, задруга за органска храна
  86. Факултетско Студентско Собрание при Архитектонски факултет, Скопје (ФСС-АФС)
  87. Дана Прелиќ, Универзитетски професор, ПМФ
  88. Маја Божиновска, доктор специјалист
  89. Александар Перов, архитект
  90. Андреа Јамакоска, архитект
  91. Здружение за истражување на градот - ГРАДОТ УБАВ Скопје, граѓанско здружение за поттикнување на архитектонските и просторните вредности и унапредување на квалитетот на животот во градот
  92. д-р Ива Петрунова, архитект и урбан социолог
  93. Колектив З, здружение за климатска и социјална правда
  94. Ана Петровска Ангеловска, доктор по медицина
  95. Стефанка Хаџи Пецова, професор, Факултет за земјоделски науки - УКИМ
  96. Симона Александровска, архитект
  97. Петар Чаушевски, дипломиран правник
  98. Александра Папазова, политиколог
  99. Виолета Ѓорѓиевска, информатичар
  100. Интернет Хотлајн Провајдер Македонија, борба против нелеглани содржини и активности на интернет
  101. Васко Манчев, програмер
  102. Наум Димитровски, Дипл. град. инж.
  103. Елена Димитровска, Дипл. град. инж.
  104. Игор Велески, веб девелопер
  105. Ева Зовиќ, студент на „Архитектонски Факултет - Скопје“
  106. Ана Габерова, студент по архитектура
  107. Фросина Станковска, студент по архитектура, Архитектонски факултет - Скопје
  108. Александар Маленко, сметководител
  109. Евгенија Кузманоска, студент на АФСУКИМ
  110. Тони Поповски, архитект и политиколог
  111. Калина Трајановска, студент
  112. Јане Чаловски, ликовен уметник
  113. Ефтим Попов, програмер
  114. Филип Здравески, спортски новинар
  115. Дамјан Димитриоски, софтверски архитект
  116. Стефанка Хаџи Пецова, професор
  117. Тања Мицков, актерка
  118. М-р Бошко Видоески, дипл. инж. арх.
  119. Елена Стефаноска, мастер студии, Архитектонски факултет
  120. Бојан Петков, програмер
  121. Дејан Зрмановски, проектен менаџер во консултантска компанија
  122. Љубица Бојаџиева, студент на Архитектонски факултет, Скопје
  123. Катерина Почепова, дип. инж. архитект
  124. Мери Батакоја, архитект, вонреден професор на Архитектонскиот факултет, УКИМ-Скопје
  125. Марија Дерибабова, студент
  126. Кристина Јорданов, дипл. инж. арх.
  127. Нора Арсовска Георгиевски, архитект
  128. Дејан Јованов, студент
  129. Никола Крстевски, архитект
  130. Биљана Групче, дипл.инг.арх.
  131. Ида Мантон, м-р по меѓународни односи и дипломатија
  132. Ирена Јурчева, филолог и писател
  133. За Почиста Македонија, Еко-активизам
  134. Портал Dokazm.mk
  135. Марјан Стаменковски, новинар
  136. Проф. м-р Маја Стевановиќ, драматург, Факултет за драмски уметности, УКИМ
  137. Зоран Велковски, професор, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
  138. Душанка Шуловиќ, архитект
  139. Јована Маркоска, студент, Архитектонски факултет
  140. Александар Клашниновски, бизнис администрација
  141. Виолета Симјановска PhD, Sibelius Academy, University of Arts Helsinki, Head of Arts management department
  142. Dona Kolar-Panov, Institute of Social Sciences and Humanities, Skopje (SSHS) Profesor Emeritus
  143. Ирена Апостолова, консултант
  144. Марија Костовска, "Скопје бара чист воздух", неформално здружение
  145. Гордана Трпчевска, активистка за човекови права, НВО ЖЕНСКА АЛИЈАНСА Скопје
  146. Никола Стоилковски, град. инж.
  147. ЕВРОТИНК - Центар за европски стратегии - Скопје, здружение на граѓани
  148. Блаже Запатоски, пензионер
  149. Јана Ацевска, дизајнер
  150. проф. д-р Симона Груевска-Маџоска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” – Скопје
  1. Зоран Кардула, дизајнер
  2. Кумјана Новакова, кураторка, Филм и видео арт
  3. Гордана Илиевска, соработник
  4. "За Расадник на можности за хуман живот во Кисела Вода", граѓанска иницијатива
  5. Калиопа Петрушевска, пензионерка
  6. Марио Ристески, студент на Архитектонски факултет
  7. Бојана Митевска, наставник
  8. Ана Клопчевска, економист
  9. Снежана Богдановска, новинар
  10. Анета Георгиевска, референт
  11. Биљана Филиповска, архитект, член на Академија на архитектите на Македонија
  12. Љубомир Домазетов, снимател
  13. Сашко Тодоров, дипл. инж биолог, претедател на Здружение на граѓани ЕКОВИТА
  14. Мимоза Шумковска Велјановска, архитект
  15. Стефанка Хаџи Пецова, професор
  16. ПЛАТФОРМ - независен, повеќејазичен и мултикултурен онлајн медиум
  17. Андријана Волческа, студент
  18. Константин Ману, архитект
  19. Павле Пецов, бизнис аналитичар во ИТ сектор
  20. Даниела Цветковска, архитект
  21. Зоран Гапич, магистар по технички науки, дипломиран град. инж
  22. Тиииит! Инк. - Скопје, женски права, феминистичко движење
  23. Андреа Јанков, м-р архитект
  24. Никола Симовски, RDH Design Group Inc., Landscape Architect
  25. Андријана Ристевска, дипломиран архитект
  26. Игор Сековски, уметник
  27. Анастазија Пешевска, студент
  28. Михајло Китаноски, дипл. инж. по електротехника
  29. Петре Јованоски, градежен инженер
  30. Боро Гаџовски, дипломиран инжинер архитект
  31. Лидија Ѓозинска, инженер
  32. Марија Ѓошевска, универзитетски професор/уметник
  33. Горанчо Крстески, преведувач
  34. Јанка Трајчевска, дипломиран економист
  35. Горица Николовска, државен ревизор
  36. "Синергија", центар за психотерапија
  37. Мартина Пенева, студент
  38. Марија Шишовска Инженер, член на граѓанските здруженија "Во одбрана на Дебар Маало", "Здравје пред профит во Центар"
  39. Надица Атанасова, психолог
  40. ЈАДРО, Асоцијација на независната културна сцена, уметност, активизам, култура
  41. Моника Довенска, доктор по ветеринарна медицина
  42. Татјана Стоименовска - ХОПС Опции за здрав живот, проектна координаторка
  43. Ирина Хаџи Митова, политиколог
  44. Ивана Андреевски, социјална работничка
  45. м-р Маја Зрмановска, постар координатор за развој на софтвер
  46. Доц. д-р Радмила Томовска, професор, Факултет за архитектура и градежништво, УМТ Скопје
  47. Ангеле Групче, дипл. градежен инженер
  48. Дарко Чекеровски, граѓанин
  49. Валентина Саурек, државен службеник
  50. д-р Дамјан Кокалевски, архитект
  51. Петрула Вељановска, преведувач
  52. доц. д-р Мирјана Димовска, специјалист по хигиена и здравствена екологија
  53. „Чист воздух во Визбегово“, граѓанска иницијатива
  54. проф. д-р Драган Ѓорѓев, Медицински факултет Скопје, Специјалист по Хигиена и здравствена екологија
  55. проф. д-р Соња Здравкова Џепароска, универзитетски професор
  56. Благоја Бошковски, преведувач
  57. Мимоза Шумковска Велјановска, архитект
  58. Корнелија Конеска, архитект
  59. Верица Ризова, студент по архитектура на Архитектонски Факултет- Скопје
  60. д-р Јордан Шишовски, дипл. инг. архитект
  61. Мирослава Илиевска, дипл. фарм. спец.
  62. Љупчо Балкоски, архитект, пратеник во Собрание на РСМ
  63. Билјана Милошеска, банкар
  64. Емилија Апостолова Чаловска, архитект
  65. Игор Сековски, уметник
  66. Валентина Атанасова, социолог
  67. Горица Стефанова, дипл. инж. геолог
  68. Наташа Влчевска, дипл. инж. арх.
  69. Катја Грујевска, диа.- кустос советник во Музеј на град Скопје
  70. проф. д-р Јасмина Сиљаноска, архитект, урбанист
  71. Марија Крстевска, професор, Медицински факултет
  72. Кристијан Јорданов, дипл. инж. арх.
  73. Искра Матлиевска, правник
  74. Симона Дуковска, машински инженер
  75. Борка Атанасовска, дипл. менаџер по царина и шпедиција
  76. Бети Дејанова, советник на О. Центар, професор на Медицински факултет
  77. Антоанела Петровиќ, службеник
  78. Дејан Павлов, програмер
  79. Мартин Петрушевски, софтвер инженер
  80. Весна Скендерова, дип. инж. архитект
  81. Горан Станојков, архитект, www.kaizon.co.nz, Auckland, New Zealand
  82. Филип Марјановиќ, архитект
  83. Стефанка Хаџи Пецова, пејзажен архитект, професор
  84. Огнен Чанчаревиќ, новинар
  85. Соња Кузманоска, инспектор во ФЗО
  86. Илија Кузманоски, службеник
  87. Марија Пузеска, сметководител
  88. Милка Пузеска, пензионер
  89. Кирил Кузманоски, студент
  90. Методија Пузески, комерцијалист
  91. Катерина Пузеска, продавач
  92. Лилјана Кузманоска, пензионер
  93. Катица Гароска, книжевен преведувач
  94. Љиљана Илиевска, пензионер
  95. Катерина Богоева, новинарка
  96. Александар Петров, архитект, apet.it, Милано, Италија
  97. Росица Минчева, архитект
  98. Екатерина Николовска, студент на Архитектонски Факултет
  99. Сениха Халил, студент на АФС
  100. Аделина Фејза, м-р архитект, асистент УМТ Скопје
  101. Габриела Којчиновиќ, дипл. електро инженер
  102. Марија Трајковска, студент
  103. Берта Додевска, автор и продуцент, сопственик на МОТИОН ПРО продукција
  104. Борислав Николовски Трифуновски, архитект
  105. Ристо Узунов, комерцијалист
  106. Марина Маневска, инженер
  107. Ленка Јосифоска, економист
  108. Костадинка Божиновска
  109. Љупче Божиновски
  110. Викторија Грнчаровска, студент
  111. Петар Грнчаровски, инженер
  112. Лилјана Грнчаровска, инженер
  113. Мери Чекеровска, фармацевт
  114. Сузана Сентевска, професор
  115. Ангелка Марковска, студент
  116. Гордана Фотевска, пензионер
  117. Дарко Ангелески, архитект
  118. Илче Ивановски, софтверски инженер
  119. Зорица Јанеска, пензионер
  120. проф. Ладислав Цветковски, ликовен уметник
  121. Александра Мојсова, проектен координатор
  122. Стефан Георгиевски, индустриски дизајнер
  123. Марјан Џепароски, фармацевт
  124. Љуан Шаља, стоматолог
  125. Јована Плотникова, графички дизајнер
  126. Енвер Ајдар, пензионер
  127. Александар Цветкоски, градежен работник
  128. Давор Ачески, фудбалер
  129. Деспина Паревска, студент на „Медицински факултет“ - Скопје
  130. Жарко Костески, дипломиран гадежен инжењер
  131. Славица Китаноска, прим. д-р. спец. по педијатрија и семејна медицина
  132. Здружение на граѓани Културно Ехо, Скопје
  133. Валбона Фејза, архитект
  134. Катерина Станковска, работник
  135. Александар Петковски, инженер
  136. Александра Арсиќ, комуниколог
  137. Симе Јовановски, дипл. економист

 

Приклучете се кон Јавниот повик