fbpx

ДКСК бара Јавното обвинителство да отвори истрага за ДУП-от кој предвидува висококатници кај „Холидеј Ин“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побара Јавното обвинителство да преземе истражни дејствија околу начинот на кој е донесен деталниот урбанистички план „Голем ринг - јужен дел исток“ во Општина Центар. Станува збор за ДУП со кој е предвидена изградба на висококатници спроти „Холидеј Ин“.

Иницијативата од ДКСК се однесува на градоначалникот на Општина Центар во периодот 2009-2013 година, Владимир Тодоровиќ, на градоначалникот на Општина Центар во периодот 2013-2017 година, Андреј Жерновски, раководителот на Секторот за урбанизам во општина Центар од 2012 година, раководителот на Секторот за уредување на просторот во Министерството за транспорт и врски во истиот период, помошникот раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје во истиот период, како и на двајцата планери и овластеното правно лице „Билд“ ДОЕЛ Скопје, фирмата што го изработувала планот.

biljana ivanovska 200x250

„Иницијативата е затоа што во постапката за изменување и дополнување на ДУП „Голем ринг“ за Општина Центар за 2012 – 2017 година тие ја злоупотребиле својата службена положба и ги пречекориле границите на службеното овластување, постапувајќи спротивно на членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање и со тоа прибавиле значителна имотна корист за сопствениците на градежната парцела 1.1. од ДУП во делот „Голем ринг““, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Овој ДУП е донесен 21 декември 2012 година, а ДКСК смета дека со неговото носење сторени се повреди како од страна на планерите, кои како професоналци од областа се обврзани да постапуваат според правилата од струката и законските прописи, но и од страна на вработените во општината и во Градот Скопје и во Министерството за транспорт и врски, кои ги занемариле ваквите пропусти и со тоа овозможиле донесување на ДУП спротивен на законските прописи.

dup c08 centar 1000x613

Деталниот урбанистички план „Голем ринг – јужен дел исток“ (Ц08) сè уште е на сила иако не е усогласен со Генералниот урбанистички план

Основата за оваа иницијатива за кривично гонење е битката кои дел од граѓаните ја водат со локалните и државните моќници години наназад, истакна Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК и додаде дека на истиот начин се донесени и други планови во Општина Центар. Таа најави дека ДКСК понатаму ќе истражува и за останатите планови кои на многу сличен начин биле донесени во тој период односно не биле усогласени со Генералниот план од 2002 година, ниту со тој од 2012 година. Ивановска изрази надеж дека ќе произлезе некаков епилог по оваа иницијатива од страна на ДКСК.

Таа информира дека на средба со актуелниот градоначалник на Општина Центар им било кажано дека на почетокот на неговиот мандат до ЈО поднеле информации кои се однесуваат на законско пречекорување на ДУП-овите.

„Заклучно досега од Јавното обвинителство досега не сме виделе некоја поголем активност и се надеваме дека вака разработена нашата иницијатива, ќе им помогне побрзо да дејствуваат“, рече Ивановска.

Таа информира дека во функција на решавање на проблемите од урбанизмот и градежништвото, ДКСК имале состаноци со министерот за транспорт и врски и со директорката на Агенцијата за планирање на просторот, како и со сите градоначалници од оваа областа, по што било заклучено дека причините за ова состојба треба да се бараат многу наназад во годините.

Нури Бајрами, член на ДКСК ги повика сите институции и вработените во јавниот сектор да укажуваат на вакви случаи и да станат заштитници за животната средина.

МИА

 

ПОВЕЌЕ НА ТЕМАТА:

Tuzba vo Strazbur dokolku se dozvoli izgradba na visokokatnici kaj Holidej In intro 150x150

Тужба во Стразбур доколку се дозволи изградба на висококатници кај „Холидеј Ин“

vulgarno profitiranje na smetka na javniot interes 150x150

Осмислен простор наместо висококатници кај Холидеј Ин

vulgarno profitiranje na smetka na javniot interes 150x150

Намалениот габарит не е оправдување за висококатници кај „Холидеј Ин“

vulgarno profitiranje na smetka na javniot interes 150x150

Масовен одзив на петицијата против висококатници кај „Холидеј Ин“

vulgarno profitiranje na smetka na javniot interes 150x150

Вулгарно профитирање на сметка на јавниот интерес

 Betonski cudovista - featured

Бетонски чудовишта ќе се градат на 83.000 квадрати спроти „Холидеј Ин“

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

Лажна битка за враќање на мораториумот за градење во Центар

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

Исчезнува последниот слободен простор во строгиот центар на Скопје

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

Трка за градење во Центар, „бетонизација“ кај „Треска“ и кај „Холидеј ин“

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

Јана Белчева: „Бирократската магла“ може да го проголта паркот кај „Треска“

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

Општина Центар може да ја одземе парцелата кај „Холидеј ин“ од МПЦ и Зоран Антиќ

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

На мораториумот во општина Центар му недостасуваат наводници

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

Кои се бизнисмените што го градат Скопје и му се радуваат на Уставниот суд?

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

„Треска“ може да биде запаметена како пресврт за Скопје

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

Градоначалникот Саша Богдановиќ објаснуваше зошто се издаваат одобренија за градење сред мораториум во општина Центар

Gradonacalnikot Sasa Bogdanovic objasnuvase zosto se izdavaat odobrenija za gradenje sred moratorium vo opstina Centar 150x150

Во општина Центар за време на мораториум се гради на 149 хектари