fbpx

Од Гази Баба демне опасност за цело Скопје

На три парцели со вкупна површина од 20 хектари коишто се наоѓаат зад комплексот Железарница во Општина Гази Баба е предвидено да се гради фабрика за преработка на отпад. Идејата е на локалната власт од каде што сметаат дека ваква постројка е неопходна за да се реши проблемот со отпадот од комплексот Железарница. Експерти укажуваат дека реализацијата на овој проект носи ризик по здравјето на жителите на Гази Баба и воопшто на граѓаните на Скопје.

  Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинарка: Соња Петрушевска Сниматели: Љубомир Домазетов, Влатко Џикоски Монтажер: Ристо Душковски

Тагови: