fbpx

Измени за елиминирање на независните листи

Сложни попови и во петок мрсат. Како во народната, големите партии компромисно подигаат „ѕид“ за учество на независни листи на претстојните избори на 17 октомври. На помалку од три месеци до локалните, спротивно на препораките на ОБСЕ, во Собрание по скратена постапка се „туркаат“ измени на Изборниот законик, потпишани од пратеници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива, партии со спротивставени позиции коишто овој пат најдоа заеднички интерес – да ги истиснат малите од борбата за носење одлуки.   Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии. Новинар: Мартин Пушевски Снимател: Трајче Илиевски Монтажер: Борче Крстевски

Тагови: