fbpx

Внатре лечат, надвор разболуваат

Внатре лечат, надвор разболуваат

Внатре помагаат да се закрепне од болести, надвор трујат со црн чад. Десетици семејства од Козле се жалат дека Институтот за физикална медицина и рехабилитација дополнително им го загадува амбиенталниот воздух. Наутро и навечер дишат црнила од оџакот на соседната зграда. Инспектори од животна средина биле на терен и установиле дека енергенсот мора итно да се замени и оти котлите биле дотраени. Половина година не се случило ништо, а со почетокот на грејната сезона, проблемот повторно се појавил. „Само прашај“ постави апарат за мерење на вредностите, којшто покажа дека во три од шест дена се надминуваат дозволените граници. Во воздухот се присутни и честички од азутен диоксид што потврдува дека Институтот гори мазут. Дополнително загрижува фактот што на педесетина метри од здравствената институција се наоѓа новото основно училиште „Киро Глигоров“ каде учат околу 500 деца. Министерството за здравство смирува дека се прават редовни контроли на мазутот и дека параметрите се согласно правилникот. Доктори и професори тврдат - мазутот не смее да се употребува во урбани средини, исфрла канцерогени честици.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинарка: Катерина Топалова
Сниматели: Иван Поповиќ, Горан Христовски
Монтажа: Борче Крстевски

Внатре лечат, надвор разболуваат
Watch the video