fbpx

Нова битка меѓу приватниот и јавниот интерес во скопско Влае

Скопската населба Владе значително ќе се промени доколку Општина Карпош го донесе новиот детален урбанистички план, кој според тамошните жители, предвидува околу 15 нови градби меѓу кои висококатници, црква и други објекти. За еден месец повеќе од илјада поддржувачи на интернет собрала граѓанската иницијатива „Борба за Влае“ кои се противат на идејата да се бетонизира нивната населба. Тие не го прифаќаат изговорот на Општината дека ова било предвидено и со Генаралниот урбанистички план и со Регулацискиот, оти велат, надлежните можат да делуваат и да не прифаќаат се` што ќе нацртаат проектантските бироа.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинар: Катерина Топалова
Снимател: Влатко Џиковски
Монтажа: Борче Крстевски