fbpx

Администрацијата не ги есапи љубопитните граѓани

Администрацијата честопати ги игнорира барањата за пристап до информации од јавен карактер, а одбива да образложи зошто молчи. Граѓанската организација Аналитика, која ја следи работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и на Дирекцијата за заштита на личните податоци, утврдила дека институциите одбиваат на одговорат на прашања од јавен интерес декларирајќи ги како класифицирани информации. За илустрација, според Министерството за надворешни работи e тајна кои земји ја признале Македонија под уставното име.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со Аналитика.

Тагови: