Агресивноста во јавната сфера се зголемува, а политичката комуникација во јавната сфера е контаминирана со емоции и афективност, решенија секако недостасуваат. Со универзитетскиот професор Јордан Шишовски и со политичкиот аналитичар Сефер Селими од тинк тенкот Democracy Lab разговараме за тоа што е основата на ваквиот сиромашен јавен дискурс.
Во услови кога налик на книжевност ни се турските серии, а налик на поезија ни е турбофолкот, може да заклучиме дека имаме испоснет јавен дискурс.
Проф. Јордан Шишовски: За нашата „книжевност“ и „поезија“
Науката кај нас се бори за средства од странски фондации, наместо да имаме сопствени кои ќе финансираат во јавната сфера.
Проф. Јордан Шишовски: Науката како општествен „маргиналец“
Немањето силен и суверен судски систем доведува до тоа судството да се злоупотребува и да биде изложено на потсмев.
Проф. Јордан Шишовски: Независно судство и јавни институции
Целата дебата по битни прашања за нашето општество се сведува на индивидуални калкулации за тоа што би добил, а што би изгубил.
Сефер Селими: За политичкото профитерство
Во секоја политичка партија кај нас со генерации има само клонирање на истата матрица на водење политика.
Сефер Селими: Политичката лојалност наместо систем на вреднување
На прсти се бројат пратениците за кои граѓаните знаат дека ги претставуваат.
Сефер Селими: Квалитетот на нашата репрезентативна демократија
Целиот поткаст под наслов „Не се разбираме“ може да го слушнете на следниот линк.